Home / Спортски настани / Велес 2014 off-road велосипедска тура

Велес 2014 off-road велосипедска тура

velo3 „Велес 2014 off-road велосипедска тура“ претставуваше еднодневен вело-настан што се одржа во Велес и околината на градот  на 11 октомври 2014 година (сабота). Настанот вклучуваше две патеки, off-road велосипедска тура и асфалтна тура околу Велес со учество на познатата Велешка Питијада со дегустација на велешка пита пастрмајлија и македонски вина. Стартот на вело-турата беше од пред Гимназијата “Кочо Рацин“, а продолжи по однапред планирана патека кој опфати неколу Велешки села, како и возење покрај реката Вардар по исклучително интересен предел. Велосипедистите турата ја завршија онаму од каде што почнаа, централното место каде што се одржуваше овогодинешната Питијада.  На оваа велосипедска тура учество земаа повеќе од 150 велосипедисти, од кои стотина учествуваа на off-road велосипедска тура, а останатите педесетина на асфалтната тура. На овој спортски настан покрај велосипедистите од Велес и Република Македонија, учество земаа пет учесници од Република Србија. На настанот немаше повредени, немаше  технички проблеми со велосипедите, а возењето по патиштата во велешко траеше скоро пет часови. Нај стариот учесник на турата беше на возраст од 74 години, а најмладиот учесник беше на возраст од 11 години. Организацитори на оваа off-road велосипедска тура беа група љубители на велосипедизмот – ВЕЛЕС БАЈКИНГ, Општина Велес, здружението на граѓани “Велес ФЕСТ“ и Д.П.С. СКИ-КАРАВАН Велес.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*