Home / Методика на ФЗО / Методика на ФЗО / Значењето на физичката активност

Значењето на физичката активност

Основна цел на денешното живеење е да се доживее што подолг живот. Денес е докажано дека „човекот на денешнината” радикално ја има намалена физичката активност и има достигнато големо ниво на негова незавидна неактивност. Физичката активноста е човекова витална потреба. Крајно време е да се реагира и да се укаже на последиците од недоволната физичка активност на човекот (независно од возраста). Специфичните програми за физичко вежбање се можност да се надомести недоволната активност, во услови на современо жиеење кое иницира голема неподвижност кај луѓето. Денес, поради големата неподвижност, кај луѓето (независно од возраста) недостасува основна движечка  сила скоро кај сите витални функции. Сериозно се намалени и загрозени основните моторички способности, пред с’е брзината, силата и издржливоста. Имајќи во предвид дека човекот се развивал со дижењето и низ целиот негов еволуциски процес се усовршувал, движењето било и останува неопходен услов за негов биолошки опстанок.   
Денес, во новото современо живеење каде с’е повеќе се фаворизира умот, човекот (независно од возраста) с’е повеќ чувствува психички замор, отколку физички. Психичкиот замор на работното место, во училиштето субјективно го уморува човекот физички, така што после работното време, по училиштето, човекот најчесто се одмора пасивно гледајки телевизија, работејки на компјутер, читајќи книга, слушајки музика и тоа најчесто седејки во  фотелја или лежејки во кревет.  
Според тоа можеме да дојдеме до заклучок дека во современите услови на живеење, немаме доволно физичка активност и дека сите телесни активности се сведени на минимум. Па тука се наметнува низа прашања, како што се:
– Дали денес физичкото вежбање ни е потребно  ?
– Зошто некој вежба  ?  
– Што ќе постигнеме со физичкото вежбање  ?
– Зошто сите луѓе кои немаа доволна физичка активност – не вежбаат  ?
– Имаат ли некаква предност оние кои физички се активни ?
Во денешно време присутен е еден друг вид на пристап кон здравјето. Необично е важно да се биде здрав и со убав физички изглед, креативно да се живее со висок животен стандард и да се има доволно слободно време за лични креативни и рекреативни активности.   
Кинезиолозите дошле до заклучок дека човекот на денешницата не може во потполност да функционира без одредени телесни активности. Затоа е потребно да се обрне внимание и да се поведе грижа од страна на општеството и заедницата на поединецот телесното вежбање да му стана навика и да се вброи во секојдневниот режим на животот на современиот човек  (независно од возраста). Сето ова е потребно за да физичката активност на човекот (независно од возраста) да му овозможи рамномерен и стабилен биопсихосоцијален статус.   


Шема 1. Влијанието на физичката активност и неактивност
(Prokop –  Bachl)

Колку редовната телесна активност е корисна, а колку неактивноста е штетна може да се види и од шемата 1. (Медвед, 1987).
Голем број на истражувања ја докажале  вредноста на редовната телесна активност кај човекот. Докажано е дека телесното вежбање има улога на зајакнување на мускулната маса, влијае на зачувување на коскената маса, ја задржува координацијата и можноста за избегнување на скршеници како последица на несакани падови. Исто така телесното вежбање со аеробна форма позитивно дејствува на психосоматскиот статус без оглед на староста. Редовното реализирање на телесната активност влијае и на сочувувањето и подобрувањето на вентилациските функции на белите дробови за време на оптоварувањата.  
Аеробно телесните активности како што се велосипедизмот, пливањето, трчањето, џогингот, брзото одење, создаваат низа позитивни карактеристики на психосоматскиот статус на организмот. Главни физиолошки и метаболитички карактеристики на овие активности се покачувањето на еритроцитите, зголемувањето на протокот на крвната маса, зголемување на содржината на миоглобинот и митохондриите во мускулните станици, па и зголемување на ензимските активности за аеробна гликоза. Овие промени овозможуваат создавање на аденозинтрифосфат наменет за скелетната мускулатура и неговата работа и олеснувањето на дотур на кислород во ткивата.

 

Табела 1. Прегледен приказ на разликите помеѓу телесно активени и неактивни личност (Findak, Mrakovic, 1998)

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*