Без разлика од типот на активностите – спортски, рекреативни зголемената енергија во човечкиот организаме е на прво место. Значи треба да користиме прехрамбени продукти кои што ќе помогнат во зголемувањето на енергијата. Ви препорачуваме неколку а тоа се:
Ореви – тие се извор на калциум, протеин, цинк и железо. Тие се одличен енергетски извор, па ви препорачувам да земете една рака ореви пред вежбање или трчање.
Кајсија – без разлика дали е сушена или свежа, кајсијата природно го покачува нивото на шеќерот, кој ни дава инстант енергија.
Леќа – одличен извор на растителни влакна. Нателото му обезбедува јаглени хидрати и протеини, па е одличен енергетски додаток во секојдневната диета.
Бразилски орев – пријатен суплемент на селен, кој се поврзува и со доброто расположение. Внимавајте да не консумирате премногу од овие ореви, може да имате негативен ефект на здравјето. Еден до два дневно се доволна доза.
Кафен ориз – чуството на ситост трае подолго отолку кај белиот ориз, а се препорачува и за оние кои се под стрес или имаат дигестивни проблеми
Банана – одличен извор на калиум, кој обично се намалува додека сме под стрес или кога интензивно вежбаме и доаѓа до прекумерно потење.
проф. Ангелче Гушев