Организаторите на XXV светско првенство во ракомет во Франција, објавија дека буџетот на целиот турнир чини 30 милиони евра. Осум француски градови ќе бидат домаќини на 24те најдобри репрезентации од светот, меѓу кои три се од поранешните ју простори и тоа: Македонија, Словенија и Хрватска. Дури 500.000 влезници се пуштени во продажба. Нема сомнеж дека ќе падне рекордот на голема гледаност на ова Светско првенство на едно место. Со оглед на фактот дека организаторите на ова СП одлучија да натпреварите од нокаут фазата – осмина финале и четврт финале се играат на стадионот во Лил, на тие натпревари се очекуваат имаксимален број на гледачи според капацитетот на стадионот и тоа до 27.500 места.
Од влезници и сместување, французите проектирале чиста финасиска заработка од 18.000.000 евра. Осум милиони евра во буџеот доаѓаат од државата и локалните власти, од партнерите и промоцијата на спонзорите два милиони евра, додека од ИХФ и од самата федерација исто толку 2 милиони евра.
И на крај треба да споменеме еден податок, а тоа е дека во Франција до крајот на 2016 година биле регистрирани дури 520.000 ракометари и ракометарки. Една изрека вели “Ништо така добро не успева како успехот“, а тоа се гледа од примерот на експанзијата на францускиот ракомет.
Поранешниот ЈУ ракомет на ова светско првенство ќе биде претставувано од страна на Словенија, Хрватска и Македонија. Сите три репрезентации се предводени од врвни тренери кои имаат големо искуство и знаење.
Македонската репрезентација е комбинација од многу јаки и искусни и помалку афирмирани ракометари. Својот квалитет го покажа и го потврди во квалификациите и со право очекуваме влез во вториот круг на натпревари. Клучни натпревари треба да бидат со Тунис и Исланд.
Хрватска со нешто променета екипа најавува промена на играта и се смета дека е зрела за освојување на медаља. Комбинацијата од брза игра и тактичка дисциплина на позицискиот напад ќе биде основа за добра игра која веќе е видена повеќепати на подготвителните натпревари. Последниот напревар со Германија ќе биде клучен за освојување на првото место во групата и полесен пат до полуфиналето.
Словенија на ЛОИ во РИО ја потврди нејзината стабилна игра и резултати. Се очекува играта на репрезентацијата да ја носат младите играчи, што не преставува проблем со оглед на талентот и улогите кои го имаат во своите клубови. Најважни натпревари на словенечката репрезентација ќе бидат со Шпанија и Македонија