Во рамките на општите цели и задачи на наставата по спорт и спортски активности и ФЗО се издвојува и физичкиот развој на учениците, нивната моторичка способност и подготвеност, нивните спортските достигнувања, па и активностите на учениците како компонента на неговите способности, знаења и залагања на часот по спорт и спортски активности. Вреднувањето значи регистрирање, воочување, споредување на специфичните величини на физичкиот развој и подготвеност на учениците. Задачата на секој наставник е да го следи се она што е вредно во развојот на ученикот односно дали тие вредности треба и понатаму да се усовршуваат споредбено со развојот на самата личност. Во продолжение Ви нудам еден класичен комплекс на моторички активности наменет за учениците за основно и средно образование преку кои ќе можете да извршите и вреднување на моторичките способности на вашите ученици. Комплексот можете да го искористите и за спортски екипи во рамките на младинките категории. Комлексот можете да го симнете тука.
проф. Ангелче Гушев