Home / Колективни спортови / Кошарка / Водење на топка

Водење на топка

Топката се одбива од подлогата, десната рака е благо  свиткана и насочена надолу, шаката зафрлена наназад со благо свиткани прсти. Првиот контакт се стварува преку прстите и топката влегува во дланката и со потискување на шакта се врши потиснување кон подот. Амортизацијата на топката завршува во висина на колкот, од каде што започнува фазата на потискување на топката кон подот. При потиснување на топката подлактицата се пружа во лакотниот зглоб, а завршното дејство врз топката го има дланката, а рамото оди предрачно  кон долу. Кога нема противнички играч левата рака е благо свиткана во лактот и спуштена крај телото. Кога постои дуел, левата рака се поставува бочно во хоризонтала свиена во лактот со што се држи растојание  од противникот. Левата нога  се поставува помегу противникот и топката, со што се врши заштита од нејзино одбивање или одземање.Кај ниското водење на топка тежиштето на телото е  спуштено пониско, колената свиени повеке и скратен е патот на потиснување и одбивање на топката. Ова водење се користи најчесто во дуел игра со противник и се овозможува целосна заштита на топката. Ниското водење предизвикува замор и се применува кога има директен дуел со противникот. Кога противникот се наога на поголемо растојание се користи високо водење. Тогаш има растеретување на мускулатурата  и полесно движење и одземањето на топката е намаелено. Водењето е успешно совладано кога ученикот може: да води подеднакво со лева и десна, да не ја гледа топката (слепо водење), да води и во трчање со промена на правец и брзина, да има добар преглед при водење и кога има крај себе противнички играч. 

Методика на усовршување на водење на топка
– демонстрирање на водење на топка од страна на наставникот
– високо и ниско водење во место
– високо водење во место и во движење (наизменично со лева и со десна)
– ниско водење во место и во движење (наизменично со лева и со десна)
– комбинирано водење ниско-високо (наизменично со лева и со десна) со промена на правец
– водењето во услови на игра и во услови на ТЕ-ТА варијанти

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*