Како член на фамилијата витамини од Б компексот, витаминот Х е попознат под името биотин или витамин Б7. Витаминот Х е растворлив во вода, а тоа значи дека доколку организмот не го искористи, тој се елиминира со урината. За разлика од другите витамини , кои телото ги зема од храната, овој витамин се синтетизира со помош на бактериите кои се наоѓаат во дебелото црево. Бидејќи на организмот му се потребни мали количини од овој витамин и бидејќи тој е присутен во многу намирници, а организмот е способен и сам да го произведува, многу ретко се сретнува недостаток на витаминот Х во организмот.Една од главните задачи на биотинот е да обезбеди правилен раст. Тој помага во процесот на синтезата на ДНК, РНК и нуклеинската киселина. На клетките им е особено важен овој витамин, бидејќи им е неопходен за правилен раст и регенерација. Влегува во редот на промоторите на растот.Витаминот Х е од суштинско значење за метаболизмот на мастите, белковините и јагленохидратите. Неопходен е за производство на масни киселини. Особено е важен за растот на клетките во целиот организам.При опаѓање на имунитетот, без оглед дали е тоа вродено или стекнато, секогаш е пронајден недостиг на витамин Х. При недостиг на витаминот Х доаѓа до намалување на бројот на клетките плазмоцити, кои произведуваат антитела.Биотинот помага во одржувањето на адекватното ниво на шеќерот во крвта. Лицата со дијабет имаат корист од овој витамин, бидејќи тој ја поттикнува реакцијата на телото на иснулин.Верувале или не, витаминот Х помага да косата не побели, да биде појака и да не опаѓа. Помага да ноктите бидат појаки и помалку кршливи, а кожата здрава и еластична. Често витаминот Х се наоѓа во многу козметички средства за нега и лекување на кожата.Витаминот Х може да ги намали симптомите на депресија, а исто така помага и при намалување на болката.Апсорбцијата на витаминот Х ја помагаат: витамините Б5, Б11, Б12, Б-комплексот, витаминот Ц и сулфурот. Апсорбцијата на витаминот Х ја одмогнуваат кафето, алкохолот и некои лекови (антибиотици).
Извори на витамин Х
Витамниот Х се наоѓа во местото,особено во црниот дроб и бубрезите, во млечните производи (млеко, сирење, путер), жолчката од јајцето, бананите, јагодите, авокадото, лубеницата, грејпфрутот, грозјето, печурките, грашокот, пивскиот квасец, пченичните р`кулци, оревите, гравот, кикириките и храната со висока содржина на омега – 3 масни киселини, како што е лососот, туната, скушата и харингата.Препорачан дневен внес на витаминот Х за здравите лица и трудниците е 300 микрограми. Доилките имаат поголема потреба од витамин Х и за нив препорачани дневни дози се 350 микрограми.
Симптоми на недостаток на витамин Х
Како што спомнавме, многу се ретки случаите на недостаток на овој витамин во организмот. Но, тоа не значи дека и не се јауваат. Недостаток на витаминот Х може да се јави кај лица кои биле на долготрајна терапија со антибиотици или биле долго време на инфузија.Неколку симптоми можат да укажат на недостаток на витаминот Х во органзимот. Некои од нив се: губиток на апетит, мачнина, болки во мускулите, замор, депресија, анорексија , анемија, дерматит и екцеми на лицето и телото, опаѓање на косата и други.
проф. Ангелче Гушев