Home / Колективни спортови / Ракомет / Техника на голманот

Техника на голманот

Оваа техника содржи некои елемнти од техниката на другите играчи , како на пример додавање и примање на топка, но има и посебни елементи и задачи на голмановата техника како што се:
– основен став
– движење на голот
– фаќање на топките
– одбивање на топките
– дегажирање на топката – исфрлање

ОСНОВЕН СТАВ: Во технички поглед,основниот став на голманот е ист како и кај одбранбениот став кај другите играчи. Овој став се применува кога кога голамнот се поставува на 1-2 метри пред гол линијата . Кога треба да се одбрани удар од крилни позиции, голманот се поставува до една од стативите, со што го намалува аголот за удар кон гол.

 

ДВИЖЕЊЕ НА ГОЛОТ: За да се постави на време кон противниците кога тие изведуваат удар на голот, голманот се движи на линијата на голот со чекори на страна (лево и десно) .

 

ФАЌАЊЕ НА ТОПКИ: Голманот ги употребува сите начини на фаќање на топки што ги употребуваат и другите играчи. Се препорачува перманентно усовршување на фаќањто на топки во висина на градите и половината, како и топките што отскокнувааат.

 

ОДБИВАЊЕ НА ТОПКИТЕ: Одбивањето на топките се упатени со удар кон голот се врши со рацете и нозете и тоа: со помош на рацете, топките кои се силно упатени од пократко растојание,во повеќе случаеви, не може да се фати со две раце. Тие топки голманот треба да ги одбие со раирени раце или во комбинација раце – нозе и со помош на  нозете,  кога топките се упатеникон долните агли на голот, голманот ги одбива со помош на нозете.

 

ИСФРЛАЊЕ НА ТОПКАТА: Исфрлањето на топката се врши по нејзина одбрана и тоа на играчот кој го организира нападот или пак се исфрла кон играчот кој реализира контра напад.

 

Ангелче Гушев, проф. по спорт и спортски активности

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*