Home / Видео / Plank – вежба за целото тело

Plank – вежба за целото тело

Plank“Plank“ е една од најпопуларните и најефикасните вежби ширум светот. Со оваа вежба не само што се стимулираат стомачните, туку и мускулите на целото тело. Посветете само пет минути дневно и ќе бидете изненадени со резултатите. Суштината на вежбата е да „лебдите“ со телото над подот само неколку минути дневно  и тоа потпирајќи се само на рацете и нозете. Несомнено, да се задржите во оваа положба и само две минути- не е лесна задача. Во тој миг се активираат голем број мускули. Но како резултат од оваа вежба ќе имате силен грб, затегнат задник без целулит, извајани нозе, рамен стомак и убави раце.

Како да се направи вежбата “PLANK“:
„Plank“ е статична вежба. Нема движења, а најважно е правилно да го држите телото. Легнете на под со стомакот надолу. Свиткајте ги лактите за 90 степени и поставете се во лежечка положба потпирајќи се на нив. Телото мора да формира права линија од главата до петите.

Кога ќе се совлада положбата ни преостанува уште да се победиме самите себе во предизвикот кои трае 28 денови

Ден 1 – 20 секунди
Ден 2 – 20 секунди
Ден 3 – 30 секунди
Ден 4 – 30 секунди
Ден 5 – 40 секунди
Ден 6 – одмор
Ден 7 – 45 секунди
Ден 8 – 45 секунди
Ден 9 – 60 секунди
Ден 10 – 60 секунди
Ден 11 – 60 секунди
Ден 12 – 90 секунди
Ден 13 – одмор
Ден 14 – 90 секунди
Ден 15 – 90 секунди
Ден 16 – 120 секунди
Ден 17 – 120 секунди
Ден 18 – 150 секунди
Ден 19 – одмор
Ден 20 – 150 секунди
Ден 21 – 150 секунди
Ден 22 – 180 секунди
Ден 23 – 180 секунди
Ден 24 – 210 секунди
Ден 25 – одмор
Ден 26 – 210 секунди
Ден 27 – 240 секунди
Ден 28 – издржите колку можете

“Plank“ – предизвикот е осмислен така да низ период од четири недели постапно го зголемувате времето поминато во издржај. Започнува со 20 секунди , а конечна цел е да се постигне четири минути непрестајно издржување. Во завршната фаза вашето тело ќе биде спремно за поголеми предизвици , а мусклната маса ќе биде нагласена

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*