На 30.4.2013 год. (вторник) во просториите на Фудбалската федерација беше потпишан договорот помеѓу претседателот на ФФМ, г-дин Илчо Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, кој предвидува поставување нова вешатачка трева на градскиот фудбалски стадион. Претседателот на ФФМ, Ѓорѓиевски изјави дека очекува во најбрз можен период да се пристапи кон реализација на договорот. Сето тоа би значело подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија, со што ќе се придонесе за развој на фудбалот генерално на територијата на цела држава. Градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев изјави дека Велес продолжува со негување на спортскиот дух на велешани, а новото игралиште ќе биде само продолжение на тој проект.
превземено од: FB- Општина Велес