Метаболизмот преставува севкупност од биохемиските реакции во телото на човекот. Се дели на два дела и тоа: анаболизам (биохемиски реакции на синтеза на различни соединенија) и катаболизам (разградување на сложени соединенија на прости). Во анаболизмот се троши енергија, а во катаболизмот се ослободува енергија. Штом ткивата и органите се активни, тогаш метаболизмот ќе биде поголем. Под поимот базален метаболизам (БМ), се подразбира нивото на метаболизам, кое ослободува онолку енергија која е доволна за одржување на функциите на телото на максимално ниво. При таков метаболизам највеќе енергија се троши на одржување на постојана телесна температура, а притоа се одржува функцијата на кардиоциркулаторниот систем. Нормалната вредност на на базалниот метаболизам за машки особи е 170 kJ/m2/h, а за женски е 155 kJ/m2/h.
При одредување на базалниот метаболизам (БМ) испитаникот треба :
-предходната ноќ да е добро спиен
-да не јадел ништо во последните 12 саати
-непосредно пред одредувањето на БМ не бил изложен на било каква телесна и психичка активност
-да се исклучи секое влијание на бико кој фактор кои може да го вознемири испитаникот
-температурата на просторијата каде престојува испитаникот треба да биде 17 до 20 степени целзиусови
На вредноста на БМ влијаат: полот, возраста, генетските карактеристики на личноста. БМ може да се одреди на три начини:
1. Пресметување на телесната површина
TП = 0,001672 x квадратен корен од ТВ x квадратен корен од ТМ
TП – телесна површина
TВ – телесна висина
TМ – телесна маса
БМ за машки = ТП x 170 kJ/m2/h x 24
БМ за женски = TП x 155 kJ/m2/h x 24
2. Врз основа на потрошениот кислород О2
При потрошувачка од 1 литар кислород се ослободува 5 kcal (21 kJ; затоа што 1 kcal=4,2 kJ).Значи ако знаеме колку испитаникот, потрошил кислород во својот метаболизам многу лесно можеме да ја пресметаме вредноста на БМ. Нормалната потрошувачка на кислород е 3,6 ml/kg/min.
3. Пресметувањ на БМ од табела
Машки |
Женски |
||
Телесна маса |
БМ (kJ/ден) |
Телесна маса |
БМ (kJ/ден) |
63 |
6510 |
45 |
5145 |
72 |
6888 |
54 |
5544 |
81 |
7266 |
63 |
5880 |
90 |
7623 |
72 |
6237 |
99 |
7980 |
81 |
661 |
Одредување на базален метаболизам врз основа на телесна
проф. Ангелче Гушев