За оваа одбрана може слободно да се каже дека е најзастапена во современата кошарка и претставува колективна одбрана, без разлика на името. Кај овој вид на одбрана секој играч е задолжен да држи (чува) еден точно определен играч независно од тоа каде се наога топката. Распоредот на играчите во голема мера е во зависност од поставата која е во игра, односно индивидуалните способности на играчите од одбраната и нападот. Вообичаено е да највисоките одбранбени играчи да ги чуваат највисокоте противнички играчи (центар – центар, крило – крило), но често пати условите на игра предизвикуваат отстапувања од вообичаената практика (се случува повисок играч да е задолжен за понизок) , што не значи дека не постојат строго пропишани норми.
Во зависност од начинот и просторот на кој се игра може да биде:
– одбрана “човек на човек” во зоната на шутот
– одбрана “човек на човек” на својата половина
– пресинг игра – на цел терен, на три четвртини од теренот или половина терен
Одбрана “човек на човек” во зоната на шутот
Овој вид на одбрана се организира околу полето за три поени и најчесто се игра против екипи кои немаат добри шутери од поголемо растојание. Секој одбрамбен играч го следи играчот за кој е задолжен, при тоа внимавајки да не наиде на поставената блокада и да биде спремен во секое време да изврши превземање на противнички играч. Ваквата одбрана го отежнува нападот и создава услови за успешна скок игра под сопствениот кош.
Човек на човек на половина терен
Кај ваквиот начин на одбрана, противничките играчи се чуваат од моментот кога ќе ја поминат средната линија. Врз играчот со топка се оди агресивно за да му се намали маневарскиот простор. Одбрамбените играчи треба да настојуваат да го наведе противникот со топка кон аглите на средината на теренот, со што ќе се создадат услови за негово удвојување со најблискиот соиграч. Останатите играчи во ваква ситуација се поставуват мегу играчите од нападот и играчот со топка и го попречуваат додавањето односно приемот на топката. Оваа одбрана е многу ефективна против екипи кои имаат добри шутери од големи растојанија и уиграни комбинации против екипи кои се технички неподготвени. Лоши страни на оваа одбрана се тие што е намамлена можноста за прев-земање на противнички играч, се прават многу лични грешки.
Пресинг
Тоа е нај активна и нај агресивна форма на организирање на играта во одбрана. Одбранбените играчи треба да го попречуваат внесувањето на топката од крајните линии или со повлекување да го оневозможуваат додавањето. За да се постигне оваа цел, одбранбените играчи мора да бидат поставени мегу напагачот и топката. Кога се чува играчот со топка, тој треба да се принудува да води со послабата рака и да биде усмеруван кон аглите или страничните линии, со што ќе се создаваат услови за негово делување. Ако пресингот се игра на три четвртини од игралишт ето, активното дејство на одбранбените играчи започнуваатпред линијата за три поени. Кога се игра пресинг на сопствената половина, активните дејствија започнуваат штом противникот ја помионе средишната линија на теренот. Пресингот е многу ефикасен кога:противникот е физички слабо подготвен, не владее добро со техничките елементи на водење и додавање, тактички слабо подготвен. Пресингот овозможува брз пресврт на резултатот и затоа често се применува на крајот на натпреварот. Слаби страни на пресингот се: од играчите се бара голема физичка подготвеност, ја отежнува соработката во одбраната, условува правење на голем број на лични грешки, потребно е големо време за обука и подготовка на играчите за употреба на пресингот.
проф. Ангелче Гушев