Home / Колективни спортови / Одбојка / Одбивање со прсти

Одбивање со прсти

При одбивањето (додавање) на топка со прсти, нозете се во расчекорн став, малку свиени во колената , едната нога е во мал расчекор. Телото е малку поднаведнатао кон напред. Рацете се високо подигнати и се во висина на челото, свиени во лактовите кои не се ни широко отворени и вовлечени. Дланките се на растојание од главата (челото) на околу 20 см. Прстите се раширени и благо повлечени нанапред. При одбивањето  (додавањето) најголемиот терет го носи показалецот, средниот прст и палецот, потоа до малиот и малиот прст. Топката не треба да паѓа на дланките. При контактот на прстите со топката , се реализира истегање на поголем дел од телото – нозете, телото, рацете, дланките, прстите. Додавањето (одбивањето) на топката со прсти е основен начин на додавање во одбојкарската игра. Играчот мора да тежи кон одбивањето на топка со прсти, а тоа е да тежи да стане додавање и со тоа секој играч ке ја има топката во играта.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*