Home / Методика на ФЗО / Mојата улога и моите задачи во телесното воспитување на децата и младите

Mојата улога и моите задачи во телесното воспитување на децата и младите

imagesВо последниве шест  години  се промени ставот за значењето на  спортот и телесното вежбање, за здравјето на нашата млади. Но некаде сеуште забележуваме дека се провлекуваат некои застарени и несовремени  состојби. Да го земеме само односот кон наставата во одделенска настава и бројот на часовите во природата кај учениците од основните училишта. Значењето на овој факт уште повеќе се зголемува, ако имаме во предвид колку е брза таа промена за тие млади и нежни организми, кој од слободната игра и безгрижност наеднаш се најдат заковани на училишните клупи. Но и покрај сето тоа, сите ние сме сведоци во  незадржливиот продор на новите разбирања и методи за работа на овој сектор. И промената не е само во тоа. Денеска спортот, спортските игри и телесното воспитување се огромна грижа на највисоките државни органи. Кој треба да вози грижа за правилното физичко воспитување на нашите млади? За оваа одговорна задача се задолжени : родителите, педагозите – наставниците , професоите и лекарите. Сите тие спомнати фактори треба тесно да соработуваат, а и секој посебно треба да ги знае своите специфични задачи и должности. Зошто животот од ден на ден станува се по комплициран и по сложен. Секој знае дека денеска децата созреваат многу побрзо одошто некогаш. А поради тоа што кога ќе пораснат, можеби, ги чекаат потешки задачи и проблеми во животот, одошто оние пред кои што  сме се наоѓале самите ние, должност е на секој наставник или професор е  да ги подготвиме солидно за тоа.
Никогаш не треба да заборавиме дека хармоничниот развој на детето се постигнува само со рамномерна, едновремена и психичка, т.е. духовна работа, како и со физичката активност. Секое запоставување на една од овие две битни животни манифестации доведува сигурно до осетни неправилности. Низ правилен, целисходен и стручно конторилиран тренинг, игра и забава на игралипштето, теренот или салата за вежбање, ние не настојуваме да создадеме некои шампиони и рекордери, туку да придонесеме во  развојот  на здравите млади луѓе и кои ќе бидат способни за борба низ животот и совладување на сите тешкотии на кои што сигурно ќе наидуваат во животот.    Целта наша не е да говориме за улогата на родителите и наставнаиците на ова поле.Колку се однесува до наша задачата, на лекарите, тоа е посебна специјалност која се развива се повеќе и повеќе. Ние сакаме само да подсетиме дека задачите на телесното воспитување и вежбањето не се состојат само во јакнењето на организмот заради спречувањето на некои заболувања, значи превентивно. Покрај  тоа, ние  денеска широко применуваме разни физички вежби и за лечење на многу заболувања.gimnastika
Во ваквата секојдневна работа со децата и млади треба да се придржуваме на некои основни правила. Пред се треба да настојуваме играта, спортот и вежбањето да им бидат забавни, сето тоа да ги забавува, насмее и радува. Зошто децата брзо се изморуваат, се заситуваат и стануват плачливи и непослушни. Притоа, играта и вежбањето треба да одговараат на нивната возраст и физичко-духовните можности и да се изведуваат во поволно време, околина и средина. Сето тоа изгледа ситница, но всушност тоа е доста важно. Уште еднаш треба да се подвече важноста и неопходноста на конструктивната и телесната соработка на ова поле помеѓу родителите, наставниците, професорите  и лекарите. Зашто тоа се оние покрај кои што детето расте, се развива и станува човек. Но дали тоа ќе биде слабо, колебливо, плашливо или пак здрав млад човек  којшто знае што сака и што може – тоа зависи во голема мера и од самите нас.
Ние овде нема да навлегуваме во подробностите и методиката на поодделни спортски дисциплини и вежбања за децата и младите. Нашата цел е само да подцртуваме и актуелизирме дека физичкото вежбање е апсолутно рамно и еднакво на секое друго учење и предмет во училиштето и како такво еднакво треба да биде и застапено. А ние сме сеуште доста далеку од тоа наше постигнување. На гимнастиката сеуште се гледа со потценување, нас сеуште ни престои борба за совладување на отпорот, поради разни предрасуди и искривени поими. Многу од нас се сметаат за спортисти, само заради тоа што племенито  навиваат  од трибините на стадионот кога гледаат фудбалски натпревари. Само  за жал,тое не е реализација на спортската дејност.
Колкумина од нас, родителите, ги земаат в неледа наутро своите деца па ги поведуваат  на прошетка во природата, на чист воздух, да се поиграат и слободно да потрчаат по полето? За жал такви родители се малку. Тоа нешто го сметаме за недостојно, несериозно, смешно и некорисно. А горко се лажеме и со тоа застарено сфаќање ние многу лошо си причинуваме и себе си и на нашите најмлади. Да ги погледнеме само, на пример, луѓето во скандинавските земји. И лете и зиме, во неделните денови нивни градови  се пусти. Сите се надвор, во природа го минат денот – неделниот одмор, онака како што им е најзгодно, во игра и забава, во природата. Секој оди спрема своите можности. Така и се популаризирал зборот “викенд” во целиот свет. А така што децата ќе го видат и доживеат во своето детство, тоа им останува за целиот живот како длабока трага. И така тоа претставува редовна навика, обичај и се предава од генерација на генерација, станува обичај и потреба на широките народни маси. Во тој однос, ние на балканот сме изостанале многу. А колку природни убавини имаме! И така испуштаме еден важен дел од физичкото воспитување.
На крајот можеме да кажеме дека целите и на медицината и на физичкото воспитување на децата и младите се скоро исти. Низ двете се настојува да се одгледа и воспита здрав подмладок од една страна, и од друга страна да се одстранат  постоечките недостатоци, слабости и болести кај поодделни лица и групи. Улогата на училишниот, клубски лекар токму тука и почнува. Лекарот е оној што треба да ја контролира работата на младите организми, да го следи дејството на разлkoncepcija-razvoja-sporta-i-fizicke-aktivnosti-na-seluичните вежби и целисходно да реагира на уочените моменти во текот на низа години кај една иста генерација. Ваквиот  лекар, значи, треба да го познава и следи секој поединец, со еден збор, да се сроди со нив, да ги засака, како што ќе го засакаат и тие него, да ја здобие нивната љубов и доверба, со други зборови да се спријателат и да бидат вистински другари. Тоа е исто како и домашниот матичен лекар кој го познава секој член од семејството низ целиот живот. Само низ ваков секојдневен допир и контакт, спортскиот лекар ќе биде во состојба да одгледа многу генерации, како еден добар градинар што го одгледува цвеќето во својата уредна градина. За жал, вакви спортско-медицински. т. е. школски лекари ние имаме сосема малку. Но ќе настојуваме да ги имаме многу повеќе. Мораме да настојуваме да имаме што повеќе млади  во физичкото воспитување и што повеќе физичко воспитување во медицината. Се до таму, дури двата поима не се стопат во еден. Тоа нека биде нашата цел во нашата идна работа.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu