Противникот е добар и напаѓа кон противничкиот гол, а во мегудругото и упатува многу топки кон голот. При тоа голманот е приморан да остварува контакт со топката. Тој ја фаќа топката, ја одбива или ја боксува истата со пагање или без пагање, потоа со фрлање или без да се фрли кон неа. На тој начин ја спречува да биде постигнат гол, а истовремено го започнува нападот на својата екипа, особено ако топката ја фати и изврши точно додавање на својот играч со рака или нога.
За успешна одбрана на својот гол голманот ги врши следните дејства:
– Фаќање на топка
– Одбивање на топка
– Избоксување на топка
– Уфрлање на топка
Фаќањето на топката е основен и најсигурен начин на одбрана на својот гол во спречување на противникот да постигне гол. Топката се фаќа со двете раце истовремено а за поголема сигурност телото па и поедини делови се поставува позади дланките односно рацете. Со оваа положба евентуално испуШтена топка од рацете на голманот наидува на пречка, топката се одбива и не заврШува во целта. Фаќањето на топката може да биде поделена на: фаќање на ниски топки, фаќање на полувисоки топки и фаќање на високи топки.
Фаќање на ниски топки. За ова фаќање потребно е голманот да се постави помегу голот и топката. Рацете се испружени во зглобот на лактите и се движат во правец од каде доага топката. Двете раце зафаќаат поголема површина преку прстите кои се раширени помеѓу себе. Веднаш по фаќањето на топката, рацете заедно со топката се подигнуваат и топката се потпира на градите од една страна по што и телото се исправува. Фаќањето на ниски топки може да се изврши со претклон на телото во стоечки став и во клкечечки став.
Фаќање на полувисоки топки. Тоа се топки кои се движат во висина на стомакот и градите на голманот. Овие топки се најлесни за фаќање. Се фаќаат со две раце кои се испружени во правец од каде доага топката, а со прстите завртени наоре. Горниот дел од телото е малку наведнат напред во мал претклон, нозете свиткани во зглобот на колената. Кога топката ке дојде до стомакот и градите, подлактиците од рацете се подигнуваат нагоре, се поставуваат позади дланките, позади топката која се наога помеѓу градите и дланките и на тој начин е затворена и не може да побегне.Брзината и силата на топката мода да се амортизира. Тоа се прави на тој начин што градите се повлекуваат наназад со што рамениците автоматски одат напред. Откако топката ќе биде фатена, телото треба да го исправиме, лактите од рацете се подигнуваат и така топката останува под контрола на голманот. Важно е да се знае дека при овој вид фаќање на топка, телото на голманот мора да се постави помеѓу топката и голот.
Фаќање на високи топки. Овие топки се топки кои се движат во висина на главата или полувисоко од главата. Нив можеме да ги фаќаме од место и од движење и при тоа да изведеме скок. Ова фаќање мора добро да се усоврши затоа што телото не може да се постави како бариера кон топката, туку се е препуштено на рацете. А тоа се постигнува така што палците од рацете го затвараат влезот на топката, затоа што со нивно спојување се формира триаголник. Останатите прсти се раширени.
Рацете се испружени и за ублажување на брзината и силината на топката, тие секогаш се во пресрет на топката. Топката удира (влетува) во поставените раце со прстите при тоа се врши и ублажување на брзината и силата на топката, се фаќа и се привлекува на градите, па се доаѓа и до завршната фаза за фаќање на топката која се држи во висина на стомакот и градите, односно дофаѓање на полувисоки топки. На тој начин се заштитува подобро топката. Ако топката има поголема брзина и силина тогаш при првиот нејзин допир со рацете само се запира понатамошното нејзино движење, па кога таа ќе почне слободно да паѓа кон земјата се врши и нејзино фаќање на начин на кој се фаќа полувисока топка (одоздола), а се осигурува со принесување кон градите и со затварање на рацете.
проф. Ангелче Гушев