Улогата на голманот во ракометната игра е доста значајна поради индивидуалниот третман во рамките на колективната игра. Поставувањето на голманот кон играчот со топка е прв предуслов за добра одбрана на топката. Добро поставен голман во основен став, мора да биде на средина на гол линијата и тоа кон раката која ја исфрла топката. Тактичката помош за успешна одбрана на топката се базира на високата концентарција и прегледот на играта на напагачите со чуство за предвидување на завршницата на акцијата од страна на реализаторите. Овие особини овозможуваат голманот правовремено да примени техника и тактика во својата одбрана. Голманот се поставува за удари (шут) од дистанца, за удари од крилни позиции и за удари од позиција на пивот. За да голманот да правовремено се постави мора да има добра техника на движење. Движењата се реализираат со паралелен чекор за да би се овозможила поткрепа вомоментот на ударот. Во ситуација на скратен агол голманот реализира силен исчекор на едната нога или суножни поскоци со двете нозе во правец на топката. Голмановата техника содржи некои елемнти од техниката на другите играчи , како на пример додавање и примање на топка, но има и посебни елементи и задачи на голмановата техника како што се: основен став, движење на голот, фаќање на топките, одбивање на топките, дегажирање на топката – исфрлање.
ОСНОВЕН СТАВ: Во технички поглед,основниот став на голманот е ист како и кај одбранбениот став кај другите играчи. Овој став се применува кога кога голамнот се поставува на 1-2 метри пред гол линијата . Кога треба да се одбрани удар од крилни позиции, голманот се поставува до една од стативите, со што го намалува аголот за удар кон гол.
ДВИЖЕЊЕ НА ГОЛОТ: За да се постави на време кон противниците кога тие изведуваат удар на голот, голманот се движи на линијата на голот со чекори на страна (лево и десно) .
ФАЌАЊЕ НА ТОПКИ: Голманот ги употребува сите начини на фаќање на топки што ги употребуваат и другите играчи. Се препорачува перманентно усовршување на фаќањто на топки во висина на градите и половината, како и топките што отскокнувааат.
ОДБИВАЊЕ НА ТОПКИТЕ: Одбивањето на топките се упатени со удар кон голот се врши со рацете и нозете и тоа: со помош на рацете, топките кои се силно упатени од пократко растојание,во повеќе случаеви, не може да се фати со две раце. Тие топки голманот треба да ги одбие со раирени раце или во комбинација раце – нозе и со помош на нозете, кога топките се упатеникон долните агли на голот, голманот ги одбива со помош на нозете.
ИСФРЛАЊЕ НА ТОПКАТА: Исфрлањето на топката се врши по нејзина одбрана и тоа на играчот кој го организира нападот или пак се исфрла кон играчот кој реализира контра напад.
ОДБРАНА НА ВИСОКИ ТОПКИ, голманот ги брани со силен одскок поместувајќи го тежиштето на телото во страна на летот на топката, со користење на едната или двете раце. Добро поставен голман со долги екстремитети применува техника на одбрана со една рака и не користи одраз на нозете.
ОДБРАНА НА ПОЛУ ВИСОКИ ТОПКИ, голманот ги брани со спуштање на рацете или подигање на нозете во висина на летот на топката, но најдобро е да се примени истопремено склопување на рацете и нозете за топки кој се упатени во висина на коле-ната и колковите.
ОДБРАНА НА УДАРИ ОД КРАТКИ РАСТОЈАНИЈА. Овие удари голманот ги брани со примена на техника на скратување на аголот на удар. Примената на техниката на скратување на аголот за удар бара развиен осет на голманот во кој момент и кога топката ќе излета од шаката на шутерот, затоа што тој повеќе не ја поседува топката. Голманот реализира затворање на исфрлањето (влегува во ударот), така што со силен исчекор на одразната нога се блокира патеката на летот на топката користејќи раширени раце и нозе (лепеза) или пак со склопување на рацете и нозете заради зголемена одбрамбена површина.
ОДБРАНА НА УДАРИ ОД КРИЛО. Голманот брани така што се поставува во близина и во висина на стативата и тоа пред неа во должина на едно стапало растојание од неа. Кај овој начин на бранење поблиската нога и рака го заштитуваат првиот агол, а подалечната нога е слободна и реагира на топката која оди во подалечениот агол. Голманот може да го скрати односно затвори шутот на крилниот играч и неговото влегување со телото во патеката на шутот и блокада на исфрлањето на топката со две раце. Кај првиот начин одбраната на голманот треба да се движи напред со поблиската нога до стативата и да завземе нов став со потпора на обете нозе
проф. Ангелче Гушев