Познавањето на спортските правила претставува основа за планирањето и програмирањето во сите спортски дисциплини. Спортскиот резултат е во директна зависност од степенот на физичката,техничката подготвеност на спортистите која се базира врз основа на правилата на спортската игра. Имајќи ја во предвид каузалната поврзаност на резултатот со тренингот и спортските правила, како и недостик на информации за правила на спортските игри во училиштата. Потребата од спортски правила долг период е актуелна,така што мислиме дека оваа статија ке биде во функција на наставниците – тренерите кои подготвуваат училишни екипи во футсал.
Димензии на игралиште за футсал: димензиите на футсал игралиште се должина 40 метри, а ширина 20 метри. Терените се воглавно во покриени простории, а подлогата главно е дрвен паркет, иако денес се користат и материјали од тврда гума. Постојат поинакви терени, главно од бетон и асфалт. но тие воглавно не се користат за такмичење поради опасноста од повреди. На теренот се наоѓаат линии кои одредуваат одредени делови на теренот. На средина од теренот се наоѓа линија која ги одвојува двете половини. На спротивните страни на теренот и тоа по краевите се наоѓа по еден гол, кој е висок 2м. и широк 3м. На голот има мрежа. Пред секој гол се наоѓа полукружен простор, на просечна оддалеченост од 6 м од голот, означена со полна линија. Тој простор од 6м често е и обоен со друга боја, различна од останатите бои на игралиштето.
Топка: Топката мора да биде тркалезна. Нејзината надворешна обвивка мора да биде од кожа или некој друг одобрен материјал. За изработка на топките не смее да се употребува никаков материјал кој може да биде опасен за играчите . Топкаата која се користи во футсал не скока како во големиот фудбал туку се лепи на подлогата.
Број на играчи: Футсал натпреварувањето е екипен спорт во кој се натпреваруваат две екипи по 5 играчи (4 играчи+1 голман ) на двете страни. Играта трае 40 минути (две полувремиња по 20 минути), а цел е да се даде што повеќе голови од противниците. Една екипа е дозволено да има најмалку 5 играчи и 3 резервни играчи, а најмногу 12 вкупно играчи ..
Опрема на играчите: Играчите не смеат да имаат на себе нешто што би било опасно за другите играчи. Основа и задолжителна опрема на играчите се подразбира: маица, гаќички, чорапи, штитници и патики. Штитниците во целина мора да бидат покриени со високи чорапи (штуцни). Голманот мора да носи облека во боја која јасно ке се разликува од другите играчи и од судиите. Носење на накит: Кога главниот судија ја проверува опремата на играчите пред почетокот на натпреварот, тој мора да ги предупреди играчите дека секаков вид на накит (ланче, обетки, прстени, рачни часовници) мора да биде изваден.
Футсал игра: тоа е игра во која се игра во затворен простор (спортска сала). Во футсалот се игра по 5 играчи 4+1 голман исто така и од другата страна, целта на противникот е да не изгуби. Исто така има два судии кој ја делат правдата на теренот исто како во големиот фудбал, но тука има само двајца судии кој судат од страната на теренот, во оваа игра нема офсајд како во големиот фудбал и исто така кога топката ке испадне во аут се изведува со нога .
Судиски правила кој треба да ги знаат играчите:
-кога судијата свири почеток топката мора да го мине центарот.
-кога топката испаѓа во аут или корнер топката мора да се изведе од позади линија или да биде топката наместена на линија, ако биде внатре во теренот судијата ќе ја одзема топката и доделува аут за другата екипа.
-кога топката ќе излезе во голаут мора да ја изведе голманот со рака .
-после изведувањето од голман топката не смее да биде вратена на голман доколку голманот не го поминал центарот .
-играчите не смеат да играат со рака освен голманот во својот голмански простор.
-судијата доколку има груба игра или удирање свири за екипата која е фаулирана, да изведува слободен удар ,играчите кој стојат пред топката како жив sид мора да бидат оддалечени 5 метри од топката каде се изведува слободниот удар …
-времето на играта трае 40 минути 2 пати по 20 минути и 5 до 10 минути полувреме, доколку има прекинување на играта или свирен прекршок или топката излегува во аут тогаш времето се штопира.
Исто така како во големиот фудбал што има изведување на пенал и во футсалот е исто само што пеналот се изведува од 6 метри. Ако една екипа направи 5 прекршоци после секој направен прекшок се изведува пенал но не од 6 метри како пеналот туку од 10 метри … Измените кој ги извршува тренерот можат да бидат летечи не треба судијата да даде знак за измена на играч само во случај на повреда…
Изведување корнер
Се чека судијата да свирне а потоа да биде изведен корнерот …
Футсал е еден од најгледаните спортови не само во светот но и во Македонија., исто така преку ова заклучив дека секој што сака може да го спортува дали за релаксација или профисонално сепак убаво е да се спортува . Се надевам дека овие информации преставени за ФУТСАЛ-от ќе послужат за училишните натпреварувања …
проф. Ангелче Гушев