Мешавината на четири зрна со кокос е мешавина која што помага во намалување на холестеролот и маснотиите во крвта. Што всушност е тоа ? Тоа е мешавина од пченица, сончоглед, лен, сусам и кокос. Од сите гореспоменати продукти земете по 100 грама. Содржината од сите пет продукти сомелете ги во блендер се додека не добиете фина смеса. Измешајте ја за да се изедначи смесата. Секе утро во сад ставете по две големи супени лажи од смесата и полејте ја со јогурт или кисело млеко и оставете ја од 5-10 минути да омекне. Во оваа комбинација можете да додадете и ореви, лешници, бадеми семка од тиква…
проф. Ангелче Гушев