Часовник за ориентација

Во рамките на ориентација каде што не користиме карта, часовникот како уред можеда ни помогне многу. Има неколку начини каде со помош на часовнокот ке се ориентираме  во просторот. Еве ги следните примери.

Ориентација на земјиштето со помош на Сонцето и часовник.
Правецот север според Сонцето и часовникот (на северната хемисвера) се одредува така што часовникот се поставува во хоризонтлна положба и се врти додека малата стрелка не се насочи во правец на Сонцето. Симетралата на аголот, помеѓу неа и бројот 12 на часовникот го покажува правецот југ. Спротивно на него е правецот север. Симетралата на аголот се одредува, бидејки Сонцето по привидната патека ја обиколува Земјата за 24 часа, додека стрелката на часовникот прави круг за 12 часа што значи, двапати поголем. Притоа треба да се има предвид дека Сонцето наутро е на исток , а навечер на запад. Правецот југ, со помош на сонце и часовник (на јужната хемисвера) се одредува така што, часовникот се врти додека бројот 12 од неговиот бројчаник не се насочи кон Сонцето. Симетралата на аголот помеѓу бројот 12 и малата стрелка го покажува правецот на север, а спротивно на него е југ.


Ориентација на земјиштето со помаш на Сонце, часовник и сенка
Се врши така што часовникот се поставува во хоризонтална положба, а на оската од часовникот (вертикално) се поставува игла, сламка, дрвце или слично. Се врти се додека сенката не ја поклопи малата стрелка. Симетралата на аголот помеќу сенката односно малата стрелка и бројот 12 го покажува правецот север. Претпладне правецот север е десно од сенката а попладне лево. Правецот југ со помош на Сонце, часовник и сенка (на јужната хемисвера) се одрекува така што на оската на хоризонтално поставениот часовник вертикално се поставува игла, сламка и слично. Часовникот се врти додека сенката на предметот не го поклопи бројот 12 и малата стрелка не го покажува правецот југ.
Напомена: Ориентацијата со помош на Сонце, сенка и часовник е релативно точна во умерените појаси, поточно од 23 степени 27″ до 66 степени  33″ северна и јужна географска ширина. Но на помали географски широчини оваа метода е прилично несигурна.

Ориентација на земјиштето со помош на Сонце, часовник и поминато време
Општо е познато дека Сонцето по привидна патека за еден час поминува лак од 15 степени Соодветно на тоа се конструира шема во вид на полукрукг кој е поделен на 15 степени , а може и подетално. Се користи така што молив, сламка или слично се поставува на одреден поделок кој одговара на времето на ориентацијата (кое се отчитува на часовник на пример 9,00 или 15,00 часот). Потоа шемата се врти додека сенката не се поклопи со линијата која поминува низ соодветниот поделок и центарот на кругот. По завршувањето на оваа постапка стрелката со ознака за север го покажува правецот север.
Правецот југ (на јужната хемисвера) се одредува слично како и правецот север со тоа што претходно исто така треба да се конструира шема во вид на полукруг кој е поделен на 15о а може и подетално но наменета за одредување на правецот југ. Се користи (слично како шемата за ориентација на северната хемисфера) така што молив, сламка или слично се поставува на одреден поделок кој одговара на времето на ориентација. шемата се врти додека сенката не се поклопи со линијата која поминува низ соодветниот поделок и центарот на кругот. После оваа постапка стрелката со ознака за југ го покажува правецот југ.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*