По неколку часови сон, циркулацијата во организмот ние забавена, па треба да се поттикне. Ови вежби помагаат и да не дојде до задржување на течноста и отекување на нозете, посебно ако ви претстои долго стоење или седење.
1. Застанете право, приближете ги стапалата, испружете ги рацете напред и кренете се на прсти. Останете во таа положба 5-6 секунди, потоа вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата 10 пати. Со оваа вежба крвта полесно стигнува до срцето.
2. Легнете на десниот колк со десната рака под главата, колената нека бидат благо свиткани. Левата нога кревајте ја и спуштајте ја 15 пати. Префрлете се на лева страна и повторете го истото. Оваа вежба ја забрзува циркулацијата.
3. Застанете со лице кон ѕидот, на растојание од 1 метар. Пријдете кон ѕидот со една нога и потпрете ги дланките на ѕидот. Ногата која ви е позади, останала испружена, со стапало цврсто залепено на подот. Наведнете се нанапред одбивајќи се со дланките од ѕидот, додека не почувствувате затегнување во мускулите на нозете. Останете така 10-тина секунди. Потоа, повторете ја вежбата со другата нога. Повторете ја 3 пати. Вежбата е исклучително корисна ако во текот на денот повеќе време стоите.
Вечерни вежби
Ако навечер нозете ви се отечени, тоа значи дека крвта не струи добро и дека негде има застој. Така, ѕидовите на вените се под притисок, а ако тоа потрае, ќе имате проширени вени.
Вежбите кои следат го намалуваат тоа чувство на тежина во нозете.
1. лежејќи на грб, со рацете зад главата, нозете подигнете ги за да го допрат ѕидот. Останете така 10 секунди, а потоа и двете нозе свиткајте ги до градите. Тоа повторете го 2 пати. Пред да почнете со оваа вежба, намачкајте ги нозете со растителен гел против отоци.
2. Испружени на грб, со нозете свиткани во колената, подигнете ја едната нога и со стапалото правете мали кругови – 10 налево, 10 надесно. Изведете го тоа и со другата нога. Оваа вежба помага да спаднат отоците на ножните зглобови, бидејќи тоа ја поттикнува крвта да тече одоздола нагоре. Посебно е корисна по носење на чевли со високи потпетици.
3. Седнете на под, свиткајте ги нозете во колената и приближете ги кон телото, што е можно поблиску. Со рацете разделете ги колената и притискајте ги настрана. Вратете се во почетната положба одбивајќи се со рацете од колената. Изведете ја вежбата 5 пати, а потоа испружете ги нозете. Вежбата ги зацврстува бутните мускули и ја поттикнува циркулацијата. Не е лесна, но корисно е да бидете упорни.