Во ЈП „Парк – Спорт“ денеска ја промовира вотрата пинг понг сала. Речиси е идентична како првата. Четири нови маси, нови рекети и топчиња. Надлежните очекуваат дека сега подобро ќе одговорат на барањата од граѓаните за рекреација во овој спорт. „Имаме огромен интерес кај граѓаните за пинг понг и се надеваме дека овие нови четири мади или вкупно осум ќе бидат доволни да одговориме на барањата за рекреација“, вели Александар Табаков директор на ЈП „Парт Спорт“. Поддршка за новата сала пристигна и од Македонската пинг-понг федерација. Генералниот секретар денеска беше во Велес на пуштањето во употреба на новата сала. Нивната идеја е по пауза од 20 години во градот да се формира клуб со кој значително ќе заживее овој спорт. „Се разбира дека фередацијата дава поддршка на ваквите проекти затоа што директорот прави многу за овој спорт и ние саката по 20 години повторно во Велес да формираме еден клуб кој ќе се вклучи во натпреварување“, вели Иван Гласновиќ генерален секретар на пинг понг федерацијата на Македонија. Во втората сала важат истите правила како во првата. Граѓаните кои сакаат да дојдат на рекреација треба да си резервираат термин, кој ќе ги чини 60 денари за еден час. Од јавното претпријатие и натаму очекуваат дека најголема заинтересираност ќе има во периодот помеѓу 18 и 20:00 часот. „Се останува исто како и досега. Граѓаните на располагање довиваат палки и топчиња ,а ќе плаќаат симболична цена за еден час рекреација. салата ќе биде нон-стоп под видео надзор“, вели Табаков. Со новите четири, во спортската сала „Гемиџии“ има вкупно осум маси за пинг понг. Тоа е највеќе во цела држава освен во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
превземено од www.lisica.mk