По 53-ти пат, Сојузот на спортови на Велс ги избра најдобрите спортисти на градо за годината што изминува. Според постигнатите резултати за 2012-та година спортист на Велес е Зоран Димов атлетичар на АК Изгрев. На меѓународниот ултра маратон во Белград за 12 часа истрча 130 км беше прв, прв и во Подгорица. Втор е Игор Стефановски кајакар на ККК Вардар, трет Драган Ванов моторист на Мото клуб Велес, државен првак во класата ендуро 250цм. Четврта беше Клементина Војдиновска, каратистка, петти Костадин Петров велосипедист, шести Ѓоре Стојанов кикбоксер, седми Тодорче Ѓоргиев планинар, осми Горан Тасиќ моторист на Мото клуб Велес, деветта Тијана Митева кендо борец и десетти е Милан Тодоровски фудбалер на ФК Борец. Во екипна конкуренција првото место го освои Кајак кану клуб Вардар, втор е Мото клуб Велес а трет е стрелечкиот клуб Велес. За тренер на годината беше прогласен Димче Стефановски од ККК Вардар. Признанија добија судиите Орданче Амбарков одбојкарски судија, Раде Стефановски будо европски судија, Горан Мишков меѓународен судија во велосипедизам. На манифестацијата Сојузот на спортови додели награди и признанија на најдобрите нарпеварувачи и екипи во младинска конкуренција. Благодарници имаше за велешкиот олимпиец Кристијан Ефремов и за ракометарите Влатко Темелков и Дејан Манасков. Признанија добијат и спортски работници ,сојузи тренери и организаторите на спортките манифастации. Сојузот на спортови додели и три постхумни признанија.
проф. Ангелче Гушев
Copyright 2012 kineziologija.mk. Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или презема, во целина или во делови без договор со Kineziologija.mk