Home / СУС Велес / Учениците на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ најдобри во спортските дисциплини на “Образовното рандеву“ – Богданци 2026

Учениците на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ најдобри во спортските дисциплини на “Образовното рандеву“ – Богданци 2026

Во периодот од 23 до 24 април 2026 год. во СОУ “Богданци“ во Богданци во организација на Македонската асоцијација на средни стручни училишна на Македонија се одржа Образовното рандеву 2026 год.

На овогодинешното Образовно рандеву 2026 година во спортските категории и натпревари учениците на ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ од Велес беа најдобри на ниво на Македонија. Под менторство на наставникот, по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев  беа освоени следните награди:

Лука Стојанов 2-7 клас (златен медал) и Мила Тракова 3-8 клас (сребрен медал)

Најдобар пингпонгар, I место и златен медал – Лука Стојанов 2-7 клас

Најдобра пингпонгарка, II место и сребрен медал – Мила Трајкова 3-8 клас

Лука Панов 3-8 клас, Стефан Трајковски 2-3 клас и Ангелина Кочовска 1-8 клас

Најдобра екипа во серва, III место и бронзен медал – Лука Панов 3-8 клас, Стефан Трајковски 2-3 клас и Ангелина Кочовска 1-8 клас

Со одлични настапи и заслужени признанија, учениците од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ Велес се претставија како едни од најспремни и подготвени ученици предводени од професорот м-р Ангелче Гушев, кои се истакнаа  на вториот ден од Образовното рандеву 2026, во организација на МАССУМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*