Во пинг понг играњето има два начина на удирање на топката. Првиот начин е кога рекетот се држи со едната рака и се удира од страната на раката на пример: доколку со десната рака се удира топката тогаш тој стил на удирање е Форхенд. Со Форхенд се упатуваат удари на топка која има голем спин и брзи удари,се користи за напад и за посебни удари. Доколку со раката се држи рекетот и со него се мава од спротивната страна на телото на кое стој раката,тогаш таква позиција се вика Бекхенд. Со Бекхенд не можат да се упатат силни удари со голем спин. Бекхенд се котисти за неофанзивни напади,односно за враќање на напади со голема брзина,со бак-ханд се ублажуваат ударците кои доаѓаат и со него не можат да се испратат силни офанзивни топки со голем спин. Во пинг-понгот постојат два вида на држење на рекетот, едниот е Пенхолд, а другиот Шакехенд. Пенхолд претставува зафат на рекетот со цела своја рака прти што со сите прсти се држи за рачката за рекетот. Пенхолдот претставува добар начин на држење на рекетот кој највеќе се врака удар со Бекхенд. Со Пенхолд начинот на држење на рекет може да се упати со удар кој има полукружна патека со што на топката и дава голема брзина и голем спи.Ваков начин на држење на рекет се практикува во Источна Азија како во Кина,Јапонија и Јужна Кореа. Шакехед е вид на држење на рекетот со кој што рекетот се држи за рачка со последните три прста од раката,а со останатите два се држи таблата од рекетот. Овој начин на држење може да овозможи директна офанзивна игра меѓутоа за бранење е тежок,бидејќи за Бак-Ханд зафат е доста комплицирано да се намести позицијата на раката.
Видови на упатени топки
Офанзивни: Брза топка – ваква топка може да се упати доколку во топката се удри со голема брзина и топката се удри хоризонтално од нејзиниот правец на движење, при што сета енергија оди во брзината а не во спинот.
Лоп-Дриве или топка со мала брзина,голем спин.Овакви ударци и овозможуваат на топката доста голем спин.Топката се удира со голема брзина но не хоризонтално на правецот на движењето на топката туку под агол.
Контра удари – контра ударите се удари кои се упатуваат кон топката со цел да предизвикаат спин обратен од дојдениот,се удира топката на спротивен агол и начин на кој е упатена од соиграчот.
Одбранбени: Букатање – кога топката со голема брзина оди кон рекетот се чека до моментот додека таа не го допре рекетот и со голема брзина не се мава туку се бутка кон спротивната страна со што се неутрализира.
Чхоп – е удар со што топката која доаѓа се удира со мала брзина под многу голем агол и се сече со што се враќа на спротивната страна со доста голем спин.
Блок удари – блок ударите се доста кратки удари,всушност тоа не се удари тоа е само поставен рекет како ѕид од кој се одбива топката која доаѓа.Топката треба да се врати во спротивното поле и секогаш се внимава топката под кој спин-аголе се движи.
Лоб удар – претставува враќање на топката кој се изведува на поголема далечина од ивицата на таблата и се задава удар одоздола што топката се враќа во игра и има параболично движење при што се постигнува добар визуелен ефект.
Ефектот на спинот: Спин претставува тело кое се врти околу своја оска со одредена брзина.Кога топката се движи низ воздухот со одредена брзина поради промена на отпорот на двете страни од топката од страна на воздухот топката постојано во летот ја менува својата траекторија и се движи параболично. Ова е доста користен ефект кај пинг-понгот при што на зададената топка е тешко да и се прати траекторијата на движењето и нејзината цел да се создаде конфузија кај противникот. При враќање на ударот може да се зададе спин на тој начин што се удира топката под голем агол со Бакхенд и се сече кај спротивниот играч таа да не се одбива од агол кој тој очекува,го менува правецот и удира во таблата.Со офанзивно удирање со Форхенд топката се удира одоздола под одреден агол и се бутка при што топката има одреден спин кога топката ќе дојде со спротивниот рекет,таа се одбива подалеку од димензиите на таблата и на тој начин се поентира.
проф. Ангелче Гушев