Home / Спортски настани / Спортски настани / К.Димитровски – тренер на ФК Борец

К.Димитровски – тренер на ФК Борец

Се наежувам од помислата дека сум тренер на фудбалскиот клуб Борец. Ова беа првите зборови на новиот шеф на стручен штаб во клубот, прослевеното име Кочо Димитровски. Тој денеска на фудбалерите им порача дека бара ред, дисциплина и работа на тренинзите, а успехот нема да изостане. „Бев слободен без ангажман и решив да одговорам на повикот од Борец. Се уште немам јасна слика за екипата и квалитетите на играчите, но верувам дека со многу работа ќе успееме да обезбедиме влез во втората лига. Прво ќе видиме на кои позиции имаме дефицит па ќе ангажираме некои играчи”, рече Кочо Димитровски, тренер на ФК Борец. Оптимизам има и кај играчите. Велатр дека е добро што конечно фудбалот во градот тргнува од мртвата точка. Атмосферата е одлична и ветуваат добри натпревари. „Па добро сеуште и не се запознавме со тренерот, но сега очекуваме многу подобри тренинзи, да се работи поконкретно и се надеваме дека ќе обезбедиме пласман во супер лигата”, вели Бојан Стојанов играч на ФК Борец. Со денешната официјална промоција, во Борец очекуваат фудбалот да се врати на старите патеки, но и да оди чекор понапред. Проектот на новата управа е наречен „Борец во Европа”. Предвидено  е за три до пет години Борец ќе игра натпревари во евро куповите. Клубот има нов финансиер кој целосно стои зад екипата, но засега останува анонимен пред  јавноста. „Проектот е наречен Борец во Европа. Планираме да го реализираме за три до пет години. Знаеме дека ќе има многу скептици ,но верувајте имаме добра проект имаме добар финансиер и нема причина зошто да не се оствари”, вели Кире Јачев претседател на клубот „Дека работите одат во нагорна линија говори и фактот дека наскоро ќе се монтираат сончеви колектори во соблекувалните и се оди според зацртаното”, вели Олгица Мојсова – Пепелашева потпретседател на клубот. За успешна година просториите, управата и играчите ги благословија свештениците од Повардарската епархија. Градоначалникот Горан Петров кој  дојде да пружи поддршка доби дрес со број 10 ,а целата екипа ја направи и првата заедничка фотографија за добар почеток и се надеваме уште подобар крај.

 

 

 

превземено од www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*