Home / Исхрана на спортистите / Исхрана на спортистите / Доматите – извор на здравје

Доматите – извор на здравје

Доматите се ниско калоричен зеленчук со само 18 калории во 100 грама и со ниво на  холестерол 0. Доматите чувајте ги во фрижидер и  изедете ги што побргу за да ја добиете целата количина од витамини и антиоксиданси.  Интересно е тоа што од доматот имате повеќе здравствени придобивки отколку од  јаболкото, а уште поинтересно е што некои експерти велат дека доматите се всушност  овошје, а не зеленчук. Избегнувајте ги оние со брчки на површината, невообичаени точки  или премногу меки. Тие се извор се на антиоксиданси, минерали и витамини. Како  морковот, така и тие го штитат телото од штетните сончеви зраци и од рак на кожа.  Антиоксидансот ликопен, поконцентриран во поцрвените домати, исто така штити од  штетните ултра виолетови зраци. Содржат еден вид на флавоноид кои ги штити очите кај  постарите луѓе од макуларна болест. Антиоксидансите во доматите научно е докажано  дека штитат од рак на дебелото црево, простатата, белите дробови и панкреасот. Овој  плод содржи високо ниво на витамин А како и други состојки кои ги одржуваат здрави  мускулите, кожата и коските.  Со 100 грама домати ќе задоволите 21 процент од дневната  препорачана доза витамин Ц и ќе го зајакнете имуниот систем за одбрана од инфекции.  Свежиот домат е богат со калиум и во 100 грама има 237 милиграми калиум и само 5  грами натриум. Тој е важен за клетките и за телесните течности кои помагаат во  контролирање на срцебиењето и крвниот притисок предизвикан од натриумот. Богат е и со витамини Б, како и есенцијални минерали од типот на железото.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*