Home / Исхрана на спортистите / Исхрана на спортистите / За зголемување на енергијата

За зголемување на енергијата

Без разлика од типот на активностите – спортски, рекреативни зголемената енергија во  човечкиот организаме е на прво место. Значи треба да користиме прехрамбени продукти  кои што ќе помогнат во зголемувањето на енергијата. Ви препорачуваме неколку а тоа се:

Ореви – тие се извор на калциум, протеин, цинк и железо. Тие се одличен енергетски  извор, па ви препорачувам да земете една рака ореви пред вежбање или трчање.

Кајсија – без разлика дали е сушена или свежа, кајсијата природно го покачува нивото на шеќерот, кој ни дава инстант енергија.  

Леќа – одличен извор на растителни влакна. Нателото му обезбедува јаглени хидрати и  протеини, па е одличен енергетски додаток во секојдневната диета.

Бразилски орев – пријатен суплемент на селен, кој се поврзува и со доброто  расположение. Внимавајте да не консумирате премногу од овие ореви, може да имате  негативен ефект на здравјето. Еден до два дневно се доволна доза.

Кафен ориз – чуството на ситост трае подолго отолку кај белиот ориз, а се препорачува и  за оние кои се под стрес или имаат дигестивни проблеми   

Банана – одличен извор на калиум, кој обично се намалува додека сме под стрес или кога  интензивно вежбаме и доаѓа до прекумерно потење.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*