Home / Кондициска подготовка / Кондициска подготовка / Одредување на базален метаболизам

Одредување на базален метаболизам

Метаболизмот преставува севкупност од биохемиските реакции во телото на човекот. Се дели на два дела и тоа: анаболизам (биохемиски реакции на синтеза на различни соединенија) и катаболизам (разградување на сложени соединенија на прости). Во анаболизмот се троши енергија, а во катаболизмот се ослободува енергија. Штом ткивата и органите се активни, тогаш метаболизмот ќе биде поголем. Под поимот базален метаболизам (БМ), се подразбира нивото на метаболизам, кое ослободува онолку енергија која е доволна за одржување на функциите на телото на максимално ниво. При таков метаболизам највеќе енергија се троши на одржување на постојана телесна температура, а притоа се одржува функцијата на кардиоциркулаторниот систем. Нормалната вредност на на базалниот метаболизам за машки особи е 170 kJ/m2/h, а за женски е 155 kJ/m2/h.

При одредување на базалниот метаболизам (БМ) испитаникот треба :
-предходната ноќ да е добро спиен
-да не јадел ништо во последните 12 саати
-непосредно пред одредувањето на БМ не бил изложен на било каква телесна и психичка активност
-да се исклучи секое влијание на бико кој фактор кои може да го вознемири испитаникот
-температурата на просторијата каде престојува испитаникот треба да биде 17 до 20 степени целзиусови

На вредноста на БМ влијаат: полот, возраста, генетските карактеристики на личноста. БМ може да се одреди на три начини:
1.    Пресметување на телесната површина
TП = 0,001672 x квадратен корен од ТВ x  квадратен корен од ТМ
TП – телесна површина
TВ – телесна висина
TМ – телесна маса

БМ за машки = ТП  x 170 kJ/m2/h x 24
БМ за женски = TП x 155 kJ/m2/h x 24

2.    Врз основа на потрошениот кислород О2
При потрошувачка од 1 литар кислород се ослободува 5 kcal (21 kJ; затоа што 1 kcal=4,2 kJ).Значи ако знаеме колку испитаникот, потрошил кислород во својот метаболизам многу лесно можеме да ја пресметаме вредноста на БМ. Нормалната потрошувачка на кислород е  3,6 ml/kg/min.

 

3. Пресметувањ на БМ од табела

Машки

Женски

Телесна маса

БМ (kJ/ден)

Телесна маса

БМ (kJ/ден)

63

6510

45

5145

72

6888

54

5544

81

7266

63

5880

90

7623

72

6237

99

7980

81

661

 

Одредување на базален метаболизам врз основа на телесна

 

 

 

проф. Ангелче Гушев

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*