Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција. На натпреварувањето учествува околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата.
Во организација на натпреварите беа вклучени над 100 професори по спорт и спортски активности. “Гимназијада Тетово 2018” е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети.
Во рамките на оваа Гимназијада учество зема и одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес во машка конкуренција. Екипата на нашето училиште беше составена од следните ученици и тоа: Филип Ајдаров 4-5 клас, Ѓоре Цветков4-4 клас, Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Даниел Тодоровски од 3-6 клас, Горан Славков 2-4 клас, Драган Кимов 2-5 клас, Тоше Јорданов 2-2 клас и Стојан Илчевски од 1-1 клас.
После натпреварите во групи екипата на одбојкаската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес обезбеди пласман во полуфиналните натпревари каде што после поразот од СОУ “Никола Карев од Струмица се бореше за третото место на турнирот со екипата на СОУ “Наум Наумовски – Борче“ од Крушево каде што со резултат од 2 : 1 во сетови (25 – 12, 16- 25 и 16-14) го освои третото место на Гимазијада Тетово 2018.
Со овој пласман екипата на нашето училиште го потврди истиот пласман и во Државните училишни лиги на ниво на Република Македонија каде што и таму беше на трето место, а со тоа го докажавме квалитетот и континуираната работа со нашите ученици и поттикнувањето на интересот кај младата популација за активно учество во професионалниот и рекреативен спорт, како и заложбите за генерален развој на спортот во Република Македонија и поддршка на младите, за нивно правилно насочување и развивање во личности со изразен натпреварувачки дух и креативност.
Ментор на одбојкарската екипа е професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев.