Home / СУС Велес / Грандиозен проект во организација на ФУСМ – “УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ”

Грандиозен проект во организација на ФУСМ – “УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ”

Имајќи го предвид стратешкото значење на училишниот спорт и определбите на Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт за негова поддршка, Федерацијата на училишен спорт на Македонија го изготви овој проект со основна цел да се унапреди училишниот спорт со зголемување на бројот на ученици вклучени во спортските активности и системот на натпревари во учебната 2017/18 г.
За поефикасно функционирање и поголемо системско зајакнување на училишниот спорт, потребни се дополнителни модели за организирање. Овој проект претставува збогатување и унапредување на постоечкиот класичен систем на натпревари преку организирање на зонско–меѓузонски, регионални и државни лиги во повеќе спортови од спортските игри, каде основните и средните училлишта, преку нивните училишни спортски клубови ќе се вклучат со поголем број ученици во континуиран тренажен процес и зголемен број на натпревари во лиги организирани на три нивоа во текот на целата учебна година.
Во Федерацијата на училишен спорт на Македонија, која е најмасовна и комплексна со здружени 36 општински сојузи на училишен спорт и повеќе од 200 училишни спортки клубови, се реализираат програми во основните и средните училишта преку тренинг и натпревари во различни спортови во машка и женска конкуренција на училишно ниво, а потоа преку систем на натпревари и на општинско, зонско, регионално, државно и меѓународно ниво. Во секоја учебна година се опфатени околу 30.000 ученици со учество на околу 800 наставници-тренери по физичко и здравствено образование од основните и професори–тренери по спорт и спортски активности од средните училишта во фудбал, футсал, кошарка, ракомет, одбојка, атлетика, кајак, карате, тенис, борење, шах, скијање, куглање, пинг-понг, стрелаштво, џудо, гимнастика и други спортови. Имајќи ги предвид податоците за системот училишен спорт во Република  Македонија за креирање на спортски политики на училишно, општинско,  зонско, регионално, државно и меѓународно ниво, вклучувајќи ги одговорните  лица за училишен спорт од образовниот и спортскиот систем, стручниот кадар, условите за континуиран тренинг по спортови, финансирањето, бројот на ученици  кои активно тренираат посебно во секој спорт и бројот на ученици вклучени во  системот на натпревари, со новниот модел на организирање на училишните спортски  лиги очекуваме квалитативно системско зајакнување на училишниот спорт и зголемување  на бројот на ученици до околу 40.000.

Сите информации можете да ги добиете на www.fusmak.org.mk и на  https://www.facebook.com/Федерација-на-училишен-спорт-на-Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*