Веб порталот www.kineziologija.mk на сите просветни работници им го честита Светскиот Ден на Учителот. Професијата учител е благородна професија која го едуцира населението, почнувајќи од најмали нозе и го опремува човекот за „патот“ низ животот. Учителот го води воспитно-образовниот процес во училиштето и учествува во изградувањето на карактерот и знаењето. Основна задача, во современото сфаќање на наставата, е насочување на учениците во учењето, преку давање на знаења, но истовремено, е и истражувач, иноватор на наставниот процес и наставните содржини и самостојната работа. Тој го оценува и ангажаманот и знаењето на учениците.
м-р Ангелче Гушев