Home / СУС Велес / Учениците од ССОУ “Коле Неделковски“ најдобри во одбојка на песок

Учениците од ССОУ “Коле Неделковски“ најдобри во одбојка на песок

Во организација на ЗГ Заеднички соживот од Велес и СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се реализира проектот “Заеднички тим“  во кои што учествуваат сите средношколци од Велес.  Општа цел на овој проект е да  средношколците се рамноправни во секојдневното дружење.Со реализацијата на активностите и остварувањето на специфичните цели на проектот ќе се придонесе во  едуцираме младите за нивните права и обврски,како и за начинот на планирање и реализирање. Во времето кога младите повеќе време помиуваат пред компјутер со проектот ќе се промовира спортот и и ќе го развиваме натпреварувачкиот дух. А како заедничко ќе биде и подобрувањето на меѓуетничките односи,односно дружење на млади од различни заедници.
Планираните активности во рамките на проектот
-Обуки за млади од средните училишта. Организирани обуки за ученици од 4 средни училишта и тоа за човекови права, граѓанско општество и подготовка на акциони планови.
-Спортски турнир во одбојка.
-Настан за дружење.
-Промотивни настани, прес конференции.
Специфична цел на проектот:
– Значењето во функција на соживтот.
– После одржаната серија на едукации ќе следи организација на спортските турнири и заедничкиот настан,па тука ќе севиди колку групата може успешно да испланира и колку тоа што го учела ќе го примени во организацијата и дружењето.


Реализирајќи ги програмските активности од проектот на 15.9.2017 год. (петок) на терените за одбојка на песок во Градскиот парк во Велес нашите ученици  од ССОУ “ Коле Неделковски“ Филип Ајдаров 4-5 клас  и  Ѓоре Цветков 4-4 клас го освоија првото место, а додека пак  Никола Зазов и Даниел Тодоровски  3-6  клас го освоија трето место во одбојка на песок. Учениците беа водени под менторство на професорот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.
На турнирот учество земаа седум екипи а во женска конкуренција 5 екипи
Овој проект е суб-грантиран од Проектот „Здружени сили за заеднички интереси, имплементиран од страна на ЦОСВ подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ АНТИКО од Скопје, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*