Боречкиот клуб “БОРЕЦ“ после долги години доби претставник на клубот кој ќе ја претставува Македонија на Европско првенство во борење. Нашиот клупски борач Кадир Камбери ќе патува за Сараево – БиХ на Европско кадетско првенство како член на репрезентацијата на Македонија. Како што истакнуваат од клубот упорноста,талентот и напорните тренинзи вродија со плод и истакувааат благодарност до сите што го помагаа клубот овие години и веруваа во нив.
Извор: https://www.facebook.com/borecveles