Големите спортски натпреварувања и спортските лиги се прекрасни платформи за промоција на различни видови на производи и услуги. Огласувањето генерира секоја година милијарди долари, а една од златните кокошки на американскиот професионален спорт, конкретно Амриканската Фудбалска Лига -НФЛ лигата, беше и производителот на лекови “Pfizer”. Американската фармацевска индустрија во изминатите десетина години зграби сериозно богатство продавајќи ги “малите плави апчиња“ кои помагаат кај машкиот свет во решавање на проблемите со еректилните дисфункции, а од тие пари, околу 50 милиони долари се трошеа низ огласувањето на “вијаграта“ во различни програми поврзани со НФЛ лигата.
“Pfizer” бил еден од низата најголеми огласувачи во последната деценија, а од наредната година стратегијата на огласување ќе биде променета од причина што ќе има промена на позицијата која што ќе ја има “Pfizer” на пазарот со споменатиот производ. Имено во 2020 година истекува лиценцното право кое што овој американски фармацевски гигант го имаше, па се очекува да и цената на призводото драстично се намали на пазарот. Поради тоа, веќе видено е, драстично паѓа профитот од “плавото апче“ кое повеќе нема да се врзува за профилот на лигата на американскиот фудбал, па и НФЛ ќе мора “да се почешка за глава“ затоа што заминува еден од големите огласувачи кои воедно е и озбилен удар и за најјаката лига во светот.
Може сепак и “тоа чешкање за глава“ ќе биде пат до позицијата кој го држел овој, лиценцирано заштитен производ кој во 1998 година и изнесувањето на пазарот во САД, на акционерите на “Pfizer” им донесоа деситина милијарди американски долари заработувачка, ќе ја превземе некој кој решава . Во тој случај пазарната група која беше целна група преку која се темелеше соработката со НФЛ, а тоа се машките над педесетата година, веројатно ќе биде во потполост задржана.
м-р Ангелче Гушев