Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Презентација на бусола М-53

Презентација на бусола М-53

Рачната бусола М-53 е наменета за ориентација и мерење на хоризонтални и вертикални агли, одржување на правец на движење и слично. Се состои од два главни дела и тоа дело на бусолата кое го чинат неподвижна плоча и подвижен прстен и поклопец на бусолата. Наведените делови имаат низа други ознаки и елементи со специјална фунгционална намена. На неподвижниот дел од телото на бусолата на трите ивици се гравирани линиар со милиметарска поделба и координометар. Подвижниот дел од телото на бусолата се состои од кружна кутија во која е сместена магнетната игла, а на кружниот прстен се изгравирани ознаки за страните на светот и поделци во илјадити (со вредности од 0-50 а целата скала 6400 илјадити) на горната и степени мод 0-360 степени на долната страна.
Поклопецот на бусолата од внатрешната страна е опремен со огледало и со процеп за визирање. На левата и десната страна од страните на поклопецот, се наоѓаат процепи за мерење позитивни и негативни вертикални агли. Целосната презентација на рачната бусола М-53 изработена од извидникот Бојан Миклош, истата можете да ја најдете тука – клик.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*