Општина Велес придава големо значење во развој на спортот. Затоа континуирано се реализираат проекти, се поддржуваат спортските манифестации, се вложува во спортска инфраструктура. 2016 година е една од најплодните на полето на спортот.
Општина Велес ги формираше ГРК БОРЕЦ и ГОК БОРЕЦ. Финасиски и организационо целосно застанавме зад овие два клуба кои во минатото имаат големи успеси и се миленици кај публиката. За многу краток период тие станаа стабилни учесници во најјаките државни лиги. Секој викенд љубителите на спортот по подолго време имаат можност да гледаат квалитетни натпревари во ракомет и одбојка.
Многу е значајно што Општина Велес беше посредник во преговорите со фирмите и бизнисмените и за останатите спорски клубори. Фудбалскиот клуб Борец веќе има стабилен спонзор. Во зимската пауза клубот се екипираше за да се оствари целта влез во Втората фудбалска лига. Но, ние веруваме дека тоа нема да биде крајниот дострел, туку набрзо со помош на бизнисменот Кочо Анѓушев, Борец ќе биде член и во првата лига.
Фут-сал клубот Велес е убедливо најдобар во државата. Членови на велешката екипа се речиси сите репрезентативци на Македонија во фут-сал. Во 2017 очекуваме вистински спектакли кога екипата ќе се наптпреварува во меѓународните купови.
Финасирањето го реши и кошаркарскиот клуб. Во посредство на Општината новиот сопственик на Киро Ќучук фирмата „Еуро Брик Компани“ го превзеде клубот.
За споредба каква е ситуацијата во спортот говори и податокот дека до пред неколку години во 2013-тата во градот имаше само 15 фудбалски клубови со регистирани 186 фудбалери, денес имаме 21 клуб но и 1900 фудбалери и спортски работници од овој спорт.
Почитувани,
Спортските успеси се невозможни без добра инфраструктура. До пред некое време градскиот стадион беше „најгрдата слика“ во градот. Сега тој станува еден од најрепрезентативните Објекти. Во изминатиот приод поствена е најсовремена подгола со вештачка трева која ги исполнува критериумите за одигрување на натпревари од полуфинале на Лига на шампиони. Поставени се 1000 столчиња на главната трибина, реновирани се соблекувалните, а во тек е проектот и за осветлување на теренот. За сите овие зафати потрошени се над 600 000 евра.
Во 2016 Велес ги доби првите терени за тенис, фитнес зона на отворено, по Иванковци и Караслери изградивме повеќенаменско спортско игралиште во Башино село, На езерото Младост се уреди современа патека за крапски риболов. на таа локација веќе создаваме и традиција преку третиот пливачки маратон, но и од годинава со првиот атлетски полумаратон кој се одржа во градскиот парк.
Продолжуваме и со финасиска поддршка за клубовите.
Програмата за работа на Советот на Општина Велес во областа на спортот во 2016 беше најголема, 16.630.000 денари, во 2017 предвидени се уште повеќе средства 18.830.000 денари. Овие средства за голем дел од спортските клубови се основен приход со кој функционираат.
извор: https://www.facebook.com/cadievslavco