Со програмирањето на едукативните кинезиолошките процеси на часот по ССА/ФЗО, може во целост да се третираат речиси сите димензии на антрополошкиот статус на учениците. Со тоа може да се утврдува, подобрува и да се одржува нивото на физичките (моторните) способности на учениците. Планирањето на превентивните и куративните мерки, методи и активности речиси не е можно без предходно успешно програмирање на кинезиолошката едукација во училиштата, а особено во едукативниот процес во пред училишните установи и институции. Притоа , посебно место зазема програмирањето и интензификацијат на активностите за спречување на појавата на лошото држење на телото кај учениците и остранувањето на нивните телесни деформитети. Во продолжение можете да ја погледнете и целокупната презентација за интензификацијата на часот по спорт и спортски активности/ФЗО . Презентација: %d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b7%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%b0%d1%81%d0%be%d1%82_za-na-sajt-compatibility-mode