Home / Спортски настани / Поддршка на образованието на Романија

Поддршка на образованието на Романија

CejwCz4W8AEZihEПред почетокот на Европското првенство во Франција, најголем дел од фудбалските репрезентации ги претставуваат дресовите што ќе ги носат на натпреварите. Некои комбинации се одлични, некои не им се допаѓаат на навивачите, но Романците направија нешто што досега не сме го виделе.
Тие поддржаа еден проект кои е поврзан со образованието во Романија, со што креативно ги преставија броевите на репрезентативците. Наместо едноставен бројот на грбот на репрезентативците поставена е вистинска математичка задача .

На интернет-страницата на романската фудбалска федерација веќе се соопштени и „проблемите“ кои ќе треба да ги решаваат присутните на стадион.

1. Богдан Станку и Флорин Андоне заедно дадоа 27 гола оваа сезона. Андоне има постигнато девет гола повеќе од Станку. Колку голови има Андоне, а колку Станку?

2. На последниот меч Кешеру, Рат и Торје истрчаа 49 километри. Торје истрча девет километри повеќе од Рат, а пет од Кешеру. Колку километри поединечно истрчаа тројцата фудбалери?

3. Романија во квалификацискиот циклус за СП оствари четири победи и две нерешени. Ако победа носи три поени, а нерешено еден, колку поени вкупно има освоено Романија?

Кој е бројот на задната страна, кои всушност ќе го носи Клаудијо Кешеру ?

romanija-so-matematichki-dresovi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*