Се прават последните подготовки за овогодинешната Вардарската регата Гемиџии. Од Велес до Гевгелија, 70 велешани ќе пловат во водите на реката Вардар со една цел „ да се продолжи старата традиција”. Тоа е и примарната цел на оваа манифестација, да се прикажат корените на Велес и да се потсетиме на славното минато на овој град , кога граѓаните со Гемија оделе од Велес до Солун , главно за трговија. Стартот на регатата е на 30ти овој месец. „Гемиџиите ” по Вардар ќе пловат четири дена. Во меѓувреме ќе се организираат и три логори за одмор во ноќните часови кај Градско, Демир Капија и кај село Мравинци. На четврти е планирано да се простигне во Гевгелија каде ќе биде означен крај на големата авантура. Рагатата Гемиџии ќе биде составена од дрвен сплав , гумени чамци и кајаци. Идејата за одржување на регатата потекнува од Сојузот на спортови. Таа е составен дел од програмата за спорт на општина Велес. Сепак во организациониот одбор се вклучени повеќе луѓе од различни области. Голем придонес за целата организација има локалната самоуправа, Вардарскиот плански регион и АРМ, Црвениот крст, Извидничкиот одред Димитар Влахов, кајакарските клубови кои ја обезбедуваат логистичката поддршка. Овогодинешното е 12 издание на Вардарската регата.Таа е формирана во 1984 година ,како идеја на група ентузијасти од Велес. Досега се одржала точно 10 пати до 1993 година, кога поради одредени фактори и напредвидени ситуации традицијата запира. Возобновена беше минатата година кога организаторите најави дека оваа манифестација имаат за цел да ја претворат во респектабилен меѓународен настан.
www.lisica.mk