Продолжуваме со идеите за логорување, продолжуваме со примерите кои ги стекнавме со нашето големо логорско искуството кое го имаме, кое го стекнавме во овие 30 години живот во природа….
31. ЛОГОРСКО ОГНИШТЕ: Секако тоа е најсаканиот логорски објект. Тука се состанувме по вечерата, седиме и разговарме, пееме песни, се дружиме. Логорското огниште е “свет” простор. Тоа не смее да претставува сметлиште. За горење, употребуваме само посебно припремени дрва. Го уредуваме посебно и убаво. Камењата на кои ќе седиме ги редиме во круг на просторот, каде што ќе гори огинот. Преку денот огништето треба да биде чисто и уредено. Во него не оставаме пепел од претходниот ден. Секое утро го чистиме и на местото каде што оганот горел, поставуваме огниште во вид на пагода кое нема никогаш да го изгориме. Така ќе добиеме и убав украс во логорот. Просторот околу логорското огниште треба да биде постојано чист. Тоа важи за целиот логор, но за логорското огиште, посебно. Околу програмата што би се одвивала на логорскиот оган, ќе пишуваме на друго место.
32. САНИТЕТСКИ (амбулантен) ШАТОР: Задолжителен е во секој логор. Во тој шатор (кој по правило е поголем) ги складираме сите лекови и помагала за прва помош (марами, завои, таблети…), а во него има постор и за болниот, кој би можел да има температура или можеби му е потребен подолг одмор. Тој шатор е видно означен со црвен крст или можеме на него да напишеме дека тука е ординацијата на овој или оној лекар, зависно од нашата духовитост и фантазија.
33. ЗНАМЕТО НА ЈАРБОЛОТ: На јарболот обично го поставуваме државното знаме. При спуштањето и подигањето знамето не смее да ја допира земјата, затоа се одредуваат еден до двајца логорувачи кои ќе ја преземат одговорноста за тоа.
34. ЗНАМЕ НА ЈАРБОЛОТ 2: Ако јарболот е висок, гордост е на логорот. Врвот на јарболот се украсува со државното знаме, но и покрај тоа, можеме да поставиме други знамиња, обележја на акции, обележја на припадност и слично. Притоа, не може да се заборави дека ниедно друго знаме или ознака, не смее да се постави повисоко од главното (државното) знаме.
35. ЕКОНОМОВ ШАТОР: Во тој шатор ги чуваме прехранбрените продукти. Храната мораме да ја зачуваме од бубачки и животни, не смее да биде изложена на сонце, мора да биде осигурана од влага, не смееме да ја оставиме на тлото. Накратко, просторот мора да ги исполнува сите услови кои ги наложуваат прописите за чување храна. На логоорувачите им оди од рака и живинарската индустрија, која многу добро ги пакува своите продукти, така да имаме помалку можности неправилно да работиме со храната. И покрај тоа, сеедно мораме да пазиме како се однесуваме со храната, затоа што со прехрамбрените продукти никогаш не можеме да бидеме доволо претпазливи.
36. ТАБУ (табоо): Терминот е од полинезиско потекло, а означува забранет простор. Поради практични и сигурносни причини, секој логор има некој такви табуи. Веќе ја спомнавме кујната, каде можат да влегуваат само авторизирани лица. Посебен табу претставува економовиот шатор, а и секој шатор посебно претставува табу. Без дозвола на домаќинот на шаторот, никој не смее да влезе во ничиј шатор. На што би личеле тие шатори, кога би можел секој да се затекне во нив кога ќе посака? Не треба да се заборави, дека на логорувањето се собираат млади од разни краишта и со разни карактери и дека сите не се еднакво воспитани. Затоа е најдобро, уште на почетокот на секое логорувње да се означат сите табуи (забранети простори), а по можност и да се обајават на огласната табла, во склоп на логорот.
37. ПОСМАТРАЧНИЦА: Некој логорски објекти се украси во логорот, а ги користиме и за други намени. Така е и со посматрачницата. Тоа е објект кој е подигнат од тлото, така да мораме да се искачуваме по него, со скали. Мора обавезно да има ограда, од сигурносни причини. Тука пожарниот на логорот ја извршува својата должност, затоа што од таму се пружа најдобар поглед низ целиот логор. Посматрачниците, обично се градат од борова граѓа, а за поврзување на елементите се користат клинци, коноп, метална жица и друго. На истата, може да се постави и табла со името на логорот.
38. КАНТИНА: Може да биде сместена во шаторот кој што е наменет за трпезарија, а доколку можностите дозволуваат и во засебен шатор. Снабдена со безалкохолни пијалоци, бонбони, чоколада, кафе и сл. кантината е составен дел на секој логор. Продуктите што ќе се продаваат во кантината, со своите цени треба да бидат пристапни за логорувачите, а нивната намена се знае: да ги растеретат учесниците на логорот од поголем товар кој би биле принудени да го носат со себе доколку кантината не постои. Замислете си на пример … за десетдневно логорување, потребни ви се неколку сокови, нешто слатко или солено, за промена на секојдневното мени. Доколку канината не постои, сето тоа би требало да го носите со себе, од местото на вашето живеење.
39. ВЕЧЕН ОГАН: Посебен вид на оган, кој го палиме на свечен начин на почетокот на логорувањето, а исто така свечено го гасиме на крајот на логорувањето. Просторот за него го уредуваме во близината на логорското огниште. Исто како и останатите логорски објекти и вечниот оган е изворно изработен (со природни материјали). Има подигнато лежиште каде огинот гори или само тлее. Вечниот оган мора да гори во текот на целиот логорски престој, затоа за горење употребуваме чворнати дрва, корења или посуви дрва. На тој начин успеваме да го одржиме оганот со помалку внимание.
40. ПРИЈАВНИЦА: Ја има истата улога како и секоја пријавница, во било која институција во државата. Оние кои сакаат да го посетат логорот или некого кој се наоѓа на логорување, прво тука мора да се јават. Исто така и оние кои сакаат да го напуштат логорот. А покрај тоа, дежурниот мора да внимава, никој кој не припаѓа на групата што логорува, да не влезе во логорот неприметен (има секакви луѓе, нели?).
41. ПРОСТОР ЗА НАЈМЛАДИТЕ: Може да се смести во некој поголем шатор или во зависност од временските услови, посебен ограден простор, каде најмладите ќе поминуваат голем дел од времето на својот престој во логорот. Неговата намена е позната: остварување на програмските активности за најмладите (воспитно-образовни предавања, разговори, игри). Најмладите не смеат да се остават без надгледувач. Доколку околностите дозволуваат, местото треба да го грее сонце во најголем период од денот, но да има и сенка, за кога ќе стане премногу топло.
42. МАГАЦИН (простор за алати): Исто како и економовиот шатор, составен дел на секо логор. Магацинот го управува економот на логорувањето, кој одговара за испарвноста на опремата и алатите. При издавањето на опремата треба да ги предупреди логорувачите за тоа, дека треба да ги вратат позајмените алати и опремата во иста состојба, ако не и во подобра, од состојбата во која ги земале. Ова правило важи не само на логорувањето, туку секогаш. Исто како и многу други шатори, за повеќето логорувачи е табу.
43. УПАТСТВА ЗА ЛОГОРУВАЊЕ: Логорувачите пред самото заминување ќе ги добијат сите потребни упатства, како ќе патуваат, кој ќе ги води, што е вклучено во логорувањето, какви се условите за логорување и други подиности. Посебен дел на тие упатства се однесува на личната опрема. На логорување сите заминуваме заедно и за сите важат истите услови и погодности. Секако, заедничкото заминување и враЌање е извиднички ритуал, кој го почитуваме на сите акции, независно од тоа дали се работи за логорување или акција од друг карактер.
44. ВО АВТОБУС: Логорувачите, кои за време на на возењето се чуствуваат лошо, ги седнуваме во предниот дел на автобусот, каде исто така се наоѓа и просторот за најмладите. Ако на некого му се лоши, тоа прво го кажува на својот водач, а тој понатаму се договара со водачот на патот околу тоа, кога и каде автобусот да застане. Во автобуст не јадеме, туку за тоа ги користиме паузите што ги прави водачод за да се одмори. Во автобусот можеме и да запееме, но секако не премногу гласно. Можеме да се занимаваме и со разгледување на околината, за да знаеме каде не води патот до логорската населба.
45. ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ЛОГОРОТ: Главните логорски објекти се веќе поставени од коначарите, кои новата група логорувачи ја дочекуваат пред влезот на логорот и ја поздравуваат со својот поздрав. Новите логорувачи отпоздравуваат со однапред договорениот поздрав, кој го има секоја подобра дружина (ако пак го нема, нека си го измислат по пат). Но секако дека е доволно и само едно ЗДРАВО! Кога логорот го посетуваат гости, дежурниот на портирницата дава знак за поздрав, а и тој самиот поздравува. Дежурниот ги внесува гостите во логорот, најпрво ги нуди нешто да јадат или да се напијат некој безалкохолен пијалок, а потоа во обиколка на логорот и секако крај логорскиот оган.
46. ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЛОГОРОТ: Дека при влегувањето во логорот донесуваме со себе и дрва за логорскиот оган, веЌе е познато. Второ, но секако извидничко правило е дека во логорот се влегува низ влезот, па и ако тој е симболично означен. Ако се подигнати повеЌе логори еден покрај друг (пример на смотри), помеЃу нив се симболично поставени и огради кои можеме да ги прескокнеме, но сепак тоа претставува прекршок.
47. ПОЧЕТОК НА ЛОГОРУВАЊЕТО: Секоја смена на логорувањето има свои ритуали и обичаи. Непишано правило е дека официјалниот дел на логорувањето започнува со подигнување на знамето. Знамето може да биде одредско или државно, други знамиња во тие прилики не користиме. Кога го подигнуваме знамето, ја пееме химната која одговара со знамето. Во таа чест, го палиме и вечниот оган, кој ќе гори за времетраење на целото логорување, а кој сме го припремиле однапред.
48. БУДЕЊЕ И СТАНУВАЊЕ: Логорувачите можеме да ги будиме на различни начини. Убав, стар обичај е старешината или дежурниот на логорот да го разбуди секој “шатор” посебно со едно “Добро утро”. При тоа го одврзува влезот на шаторот. Секако дека може знакот за будење да дојде и од рог, свирче, можеби некој труба… а сепак, најдобро ако логорскиот оркестар ни засвири нешто, колку денот да ни започне убаво.
49. ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗНАМЕТО: Подигнувањето и спуштањето на знамето е значајно признание за логорувачот. Ако сакаме некого посебно да наградиме, му доделуваме да го подигне или спушти знамето. Тоа го запишуваме и во логорската книга. Ако заслужил таква награда три пати на крајот од логорувањето му доделуваме и посебно признание.
50. ЗБОР: Кога го подигнуваме или спуштаме знамето, дежурниот на логорот повикува “збор”. Додека знамето се движи по јарболот, сите логорувачи стојат мирно, никој не зборува. И џвакањето на гуми за џвакање или нешто слично, не е дозволено. Сето ова важи и за време на слушањето на химната.
51. ФАЛАНГА: Овој стар грчки збор значи збиена бојна формација. На логорување, тоа е група која во збиена врста го поминува целиот логор, од влезот до последниот логорски објект, во потрага по отпадоци. Доколку логорувачите не пазат доволно на редот и чистотата, секој ден барам по еднаш ги очекува фаланга – собирање на отпадоци.
52. ОЦЕНУВАЊЕ НА шАТОРИТЕ И ЛЕГЛАТА: Оценувањето на шаторите е стар обичај. Ако престојуваме во големи шатори, во кои има простор за 20 – 30 или повеќе лица, ги оценуваме леглата и орманчињата за личната опрема. Повеќето денес логоруваат во мали шатори, затоа можеме да го оценуваме шаторот како целина. Во оценувачката комисија се водачите на патролите или пак екипа од тројца луѓе, кои ќе се договорат за меродавноста при оценувањето и мораат за тоа да ги известат логорувачите. При оценуваето мора да се почитува уредноста на шаторот, чистотата, грижата за хигиена, како е поставен шаторот, патентите итн.
53. ТРОФЕИ ОД ПРИРОДАТА: Изразот “трофеј” е од латинско потекло и означува пред се, доказ за победата. Тоа може да биде плен, оружје или некое знаме, кое ќе го одземеме од непијателот за спомен или како доказ за победата. Кај нас извидниците, трофејот означува дека сме нашле нешто посебно. Тоа би можело да биде некој камен или дрво со посебна, необична форма или некоја друга природна изворност. На некои походи би можеле да најдеме рогови од диви животни, некој посебно израснат корен итн. Такви трофеи можеме лесно да пронајдеме, доволно е само да ги отвориме очите. Трофеите ги поставуваме пред шаторот каде што престојуваме.
54. ЛОГОРСКИ ПАТЕНТИ: Иноваторите се секаде добредојдени, па така и на логорување. Доколку замислат нешто ново, ќе ни ја олеснат работата. Затоа е потребно да ги откриваме оние кои имаат афинитети кон откривање на нешто ново. Распишуваме, на пример, награди за најдобрите патенти, а за таа цел го нудиме сиот потребен материјал кој ни е на располагање…
55. ЛОГОРСКИ ИЗУМИ: Изумите се нешто повеќе од патенти: доколку се вистинска иновација, која другите не ја познаваат. Исто како и патентите, изумите имаат еднаква важност на логорувањата, но сепак, за нив е потребно да се употреби поголема иновативност и неопходно е вложување на повеќе работа. Затоа се изумите многу поретки од патентите.
56. ВРЕМЕ ПРЕД ОБРОЦИТЕ: Пред ужина или вечера, а секако и пред појадокот и ручекот, на располагање имаме малку време, кое не е вклучено во логорската програма. Тој половина час пред секој оброк го употребуваме за тоа, да можат логорувачите да се опуштат и средат, да се одморат од напорите кои се предизвикани од спортските средби, натпреварите, предавањата… Овој стар извиднички трик го употребуваме за тоа, логорувачите да научат некоја нова песна, да се договориме со нив околу наредните активности, можеби тогаш ќе ги научиме на некоја нова вештина, заедно да составиме програма за извидничката забава во вечерните часови, да запееме некоја подзаборавена песна… На логорување мораме секако да внимаваме, никој никогаш да не работи нешто не организирано или да не стои само така. Секое слободно време би требало да го користиме за досегнување на поставената цел, за воспитување на извидниците. Затоа мораме се внимателно да планираме.
57. НОЌНИ ИГРИ:Овие игри се составен дел од секое логорување, кои ги организираме по вечерата, доколу не го палиме логорскиот оган, а се со цел да логорувањето стане по интересно за самите логорувачи. Обичај е, за ноЌните игри да се припремат сите присутни во логорот, а секако дека Ќе очекуваат неШто ново и посебно. Можеме да подготвиме напад на логорот, ловење на слепиот, ноЌни походи во темнини и непознати краиШта и неШто слично. Во главно целта ни е да укажеме на помладите извидници дека не треба да се плашат од темнината дека можат да се движат по темната Шума и сами. Низ играта старавот Ќе се намали, а можно е и сосема да исчезне. За време на ноЌните игри Ќе се здобијат и со други способности.
58. ЛОГОРСКА ПЕСНА: Постојат многу мал број на извиднички единици, кои се способни да напишат и да озвучат своја посебна песна. Секако, тоа е разбирливо, затоа што секоја единица нема свој поет или музичар, но сепак би требало да се проба да се направи таква песна која извидниците би ја прифатиле како своја. Можно е и дека таква песна ќе се одржи како извидничка и во иднина да ја пеат и други извидници. Доколку не оди поинаку, можеме да составиме и само текст кој ја опишува нашата единица, а Ќе ја пееме на музика од некоја позната песна. И тоа е нешто …..
59. ЛОГОРСКИ ЗНАК: Веќе спомнавме дека секој логор има свое посебно име. Кон името припаѓа и логорскиот знак. Името и логорскиот знак треба да ги замислиме пред поаѓање на логорување, а ги употребуваме за да ја означиме посебноста на логорот.
60. ЛОГОРСКА СВАДБА: Логорската свадба спаѓа исто така во друштвените игри на оние логорувања кои траат подолго време (зимувања, смотри…). Обично се договараат за свадбата некои од постарите извидници и извиднички… Помладите пак, ќе бидат многу весели поради атмосферата што ќе се создаде. Паровите (парот) што се венчаваат, треба да се облече свечено, при што им помагаат сите во логорот. Дозволено е шминкање, за кроење и шиење на облека можат да се употребат секакви ситници кои ќе ви дојдат при рака. За венчавката се организира да дојде и поп или матичар, се договараат за прстените, за свадбената песна, кои ќе бидат сватовите… Сите припреми течат како да организираме вистинска свадба. Младите што се венчаат се потпишуваат заедно со кумовите на венчалните листови, кои извидниците сами ги припремаат. Со потписите си ветуваат еден на друг дека ќе се сакаат, дека ќе си помагаат, дека нема да си фрлаат се и сешто врз глава, дека секој ќе чисти зад себе… Децата навистина ќе се радуваат на оваа игра, а секако дека ќе се потрудат и убаво да изгледаат (па свадба е, нели?), затоа оние кои ја организираат свадбата треба многу да се потрудат се да биде во најдобар ред, за да не ги разочараат децата. Ова можеби е еден од најубавите обичаи кај извидниците и кој не го доживеал, навистина пропуштил многу. Затоа Ви препорачувам од лично искуство, пробајте го ова. ќе бидете воодушевени.
продолжува …..