Забранети супстанци се пронајдени кај скоро 4.000 прмероци на допинг тестовите направени кај спортисти во изминатата година. Тоа преставува пад за скоро 10 %, наспроти зголемениот број на извршени тестови , соопшти Светската анти-допинг агенција (WADA).
Како што соопштува Би-Би-Си (ВВС) минатата година во олимписките и неолимписките спортови извршени се точно 283.304 допинг тестови, во однос на 2013 година кога се извршени 269.878 тестови.
Позитивни и атипични наоди имало во 3.866 примероци, односно во 1,36 % извршени тестови, што преставува пад за 10 %. Во 2013 година позитивни и атипични наоди било 5.962, а во 2012 година 4.723.
Највеќе тестови помеѓу олимписките спортови се направени во фудбал и тоа: 31.242, во атлетика 25.830, во велосипедаизам 22.471, во водените спортови 12.120, во дигање товар (тегови) 8.806 и во рагби 6.961.
Тестовите ги реализираше (WADA) и националните анти-допинг агенциите во 32 акредитирани лаборатории ширум светот. WADA истакнува дека има пад на атипични наоди и поради воведувањето на биолошките пасоши на спортистите.
Примероците на крв или урина кои покажуваат присуство на забранети супстанции не значи дека е во прашање допинг, од причина што поедини забранети супстанци може по природен пат да се произведат во телото. Највеќе тестови се направени во Кина 13.180, Германија 9.073. Франција 7.434, САД 7.167 и Италија 6.506. Од недозволените супстанци највеќе се користени анаболички стероди и тоа 48% од извршените тестови.
м-р Ангелче Гушев