Home / Методика на ФЗО / Методика на ФЗО / Мерење на моторичка способност

Мерење на моторичка способност

Моторичката способност и подготвеност го покажува нивото на моторичка подготвеност или моменталната подготвеност и способност со што се дава понатамошна оценка за телесната подготвеност. Утврдувањето на овие способности се врши со соодветни тестови со кој може да се диференцира општата телесна способност (како примарна вредност) од специјалните телесни способности кои се манифестираат во специфични, најчесто стилизирани форми на движења. Моторичката подготвеност е базичен показател на телесната способност на човекот. Содржините и инструментите за вреднување обично се на огаат на картотонот за физичко воспитување. За први одделенија во основно образование:

СОДРЖИНАТА:                        ИНСТРУМЕНТ:
а) Брзина на движење             – тапинг со рака
б) Подвижност                        – полигон на подвижност
в) експлозивна силина             – скок во далечина од место

Содржината и инструментите за вреднување на учениците од петто до деветто одделение и учениците од средно образование се опфатени со следните:

СОДРЖИНАТА                                          ИНСТРУМЕНТ:
1. Брзина на движење                                 – тапинг со рака
2. Експлозивна силина                                – скок во далечина од место
3. Силина на стомачна мускулатура              – подигање на трупот до сед
4. Подвижност                                           – коверта тест
5. Еластичност                                           – длабок претклон
6. Брзинска издржливост                            – трчање 6 х 50 метри

 

ВИДОВИ ВРЕДНУВАЊА

СУБЈЕКТИВНОТО вреднување се изразува со опишување (писмено или усмено) и претставува  одлично дополнување на претходно поставени критериуми на кинезиолошки активности кај кој не е можно дејството егзактно да се измери.   Субјективното, дескриптивното, вреднување ќе биде поблиску до објективното, во колку наставникот  претходно сам ги доживеал сите фази на усвојувањето на зададеното движење и на тој начин одговорно  ги уважува и прифаќа сите индивидуални можности на ученикот и по потреба ги усогласува своите  критериуми  со моторичките и функционалните можности на децата.  

ОБЈЕКТИВНОТО вреднување на моторичките способности и моторичката подготвеност се реализира со тестирање и мерење на објективен тип. Вреднувањето на резултатите од тестот има поголемо значење од резултатите на мерењата. Со резултатот практично само се констатира некаква состојба.
Објективно вреднување на резултатите од мерењата можно е само доколку сме во можност да ги споредиме со поранешни споредбени критериуми (стандарди) кои објективно може да се користат за вреднување (споредување) односно проценување (критериумски табели, егзактни резултати во вид на норми и др.)  Во колку точноста и веродостојноста на она што сакаме да го измериме е голема, тестот е валиден.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*