Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Одредување на стојалишна точка

Одредување на стојалишна точка

Одредувањето стојалишна точка на картат заедно со ориентирање на картата на земјиштето претставува постапка која се врши пред секоја конкретна употреба на картата. Тоа значи дека двете наведени постапки се меѓусебно условени при што најчесто прво се врши ориентација на картата на земјиштето а потоа се одредува стојалишна точка иако во одредени случаи може да се појави обратна ситуација. Во суштина одредувањето стојалишна точка на картата значи да се пронајде местото на кое се наоѓаме во природата. Ваквата задача се решава во различни просторни, временски и метеролошки услови односно тоа е постапка која се извршува постојано додека се работи со карта и на карта. Тоа значи дека одредувањето стојалишна точка на земјиштето претставуа мошне сериозен чин бидејќи од точноста на одредувањето зависи понатамошното користење на картата за различни цели.

Методи на одредување стојалишна точка
Одредувањето стојалишна точка на топографска карта може да се врши :
– од око со споредување на содржината од картата со околното земјиште,
– со помош на пресек од страна,
– со пресек на правците наназад,

 

Одредување стојалишна точка со оцена од око
Претставува најбрз и најчесто применуван начин. Постапката се спроведува по следниот редослед:
– се ориентира картата според некој од претходно наведените начини,
– се уочуваат на карта и на земјиштето најкарактеристични облици на релјефот и објекти на него
– се врши детално споредување на содржината на картата со земјиштето со проценка на растојанијата и идентификацијата на објектите и врз основа на детално споредување на картата со околината се обележува стојалишната точка.
Вака наведениот редослед е универзален , бидејќи не е можно да се дадат конкретни сознанија за сите поединечни случаи. За секој конкретен случај се дефинираат конкретни податоци кои се гледаат на карта и според кои се одредува стојалишната точка.

Одредување стојалишна точка со пресекување на правци од страна
Се применува во ситуации кога сме на некој објект на земјиштето кој на картата е претставен со линиски знак. Овој метод подразбира неколку начини на ориентација и тоа според распоредот на објектите покрај патеката на движење со помош на рачна бусола и обратен азимут во специјални ситуации.
Со движење по пат стојалишната точка се одредува по следниот редослед:
– се ориентира картата и се уочува некој објект во просторот кој е присутен на картата,
– ивицата на лењирот се поставува покрај условниот знак,
– лењирот се врти околу знакот додека не се поклопи со правецот на објектот (картата не се поместува ),
– покрај лењирот се црта линија која го сече линискиот знак на кој се одредува стојалишната точка,
– во пресекот на линијата на условениот знак и линијата на визирање на објектот се наоѓа стојалишната точка.
Ваквата постапка поради контрола се спроведува и за друг објект.

Стојалишна точка со пресекување од страна може да се одреди и со помош на бусола односно со помош на обратен азимут при одредувањето стојалишна точка со помош на пресек назад. Разликата е во тоа што овде линискиот знак на картата е веќе нацртан што значи потребно е да се измери еден азимут кој се претвора во обратен азимут и му се дава привидна деклинација со соодветен предзнак. Со бусола или агломер се нанесува на карта . Пресекот каде што се сечат линиите претставува бараната стојалишна точка. И овде поради контрола може да се земе друг правец.Специфичен случај при одредување стојалишна точка со овој метод се јавува ако избраниот објект се јавува нормално на правецот на линискиот објект или ако стојалишната точка се наоѓа во продолжение на правецот одреден со два објекти.
Во овие случаи картата не мора да биде ориентирана но нема никаков проблем ако се работи на ориентирана карта.

Одредување стојалишна точка со пресек на правци назат
Овој начин се применува кога во непосредната околина не постојат некои карактеристични објекти со чија помош би се одредила стојалишната точка Во овој случај се постапува по следниов редослед :
– од местото каде што треба да одредиме стојалишна точка се идентификуваат три објекти на земјиштето кои се прикажани на карта,
– се ориентира картата со бусола при што се нанесува поправка на бусолата,
– лењирот се поставува на картата покрај еден од знаците,
– лењирот се врти околу условниот знак додека не се поклопи со правецот на избраниот објект на земјиштето,
– покрај лењирот се вцртува линија до просторот каде се проценува дека се наоѓа стојалишната точка ,
– лењирот се поставува покрај вториот условен знак и се повторува предходната постапка. На тој начин се добива пресек на двете линии кој ја одредува стојалишната точка. Поради контрола постапката се спроведува и од трет објект. Ако не се пресечат во иста точка се формира триаголниче чиј центар се зема како стојалишна точка.

Ориентација на карта со помош на небеските тела
Овој начин на ориентација на картата се врши пред се во услови кога не постојат други можности.  Суштината се состои во одредување на правецот север на некој од познатите начини, а врз основа на него се ориентира картата. Ориентацијата на картите со помош на небеските тела може да се врши со помош на ѕвездата северница, сонцето, месечината и сл., но само доколку се знаат одрдени законитости за нивната положба во моментот на ориентацијата. Со помош на ѕвездата северница ориентацијата се врши по следниот редослед:
– на небото се идентификува ѕвездата Северница,
– нејзината положба се проектира на земјиштето каде се забележува некој видлив објект или друга ѕвезда на хоризонтот,
– се поклопува источната  или западната линија од рамката на картата со одреден правец со што картата е приближно ориентирана.
Оваа постапка е скоро иста и во случаите кога картата се ориентира во однос на сонцето или месечината но само откако ќе се одреди положбата на овие теле во моментот на ориентацијата на картата.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*