Home / Исхрана на спортистите / Сурутката – енергетски извор на спортистите

Сурутката – енергетски извор на спортистите

surutka-1379269548-14084Кравјо, овчо или козјо сирење. Не e важно. Секогаш е добро на трпезата да имате добро и квалитетно парче сирење. Но, дали сте знаеле дека при процесот на производство на сирењето се добива еден нус производ (тоа е течноста која останува откако млекото ќе скисне) познат под името сурутка, кој неправедно е потценет и за жал многу малку се користи. Главниот проблем е во тоа што малкумина знаат дека сурутката е високо нутритивен производ. Во нејзе најголем процент е вода, а содржи многу малку калории и масти. Во еден литар сурутка има само 360 калории. Сурутката според хемиските анализи е утврдено дека има 16 типови на протеини, 8 минерали, 7 витамини, до 23 амино киселени и до 11 ензими.
Сурутката содржи многу минерали, неопходни за нашиот организам и тоа првенствено калциум, бакар, железо, цинк, кобалт, манган и фосфати. Овие минерали се важни, бидејќи тие ги интегрираат метаболичките процеси и придонесуваат за поквалитетен тонус на ќелиите. Правилното одвивање на овој процес, значително го намалува ризикот од мозочен удар, од висок крвен притисок. Го подобрува имунитетот, ги регулира штетниот холестерол и цревната флора, го регенерира црниот дроб, ја спречува остеопорозата и го намалува забниот камен. Од шеќерите во сурутката има најголем процент на лактоза, која е особено важна во исхраната на децата. Сепак, протеините се најважната состојка на сурутката. Составено претежно од есенцијални амино киселини, учествуваат во создавање на мускулна маса, но не создаваат масни наслаги и не дебелеат. Токму поради ова сурутката се смета за еден од најдобрите енергетски извори и се препорачува на спортисти, деца,стари лица, трудници, доилки.
За разлика од млекото сурутката е помалку калорична. Протеините даваат чувство на ситост, а освен потребната енергија влијаат и на лачење на хормоните кои го регулираат апетитот. Во продажба сурутката и нејзините нус производи можат да се најдат во повеќе облици, како кисела сурутка, слатка сурутка и како напитоци збогатени со овошје. Сурутката се користи за производство на повеќе видови сирења, за изработка на детска храна, сладоледи и сточна храна. Служи и како адитив во многу прехранбени процеси, за производство на леб, печива и крекери. Сурутката најдобро е да се пие свежа, засладена со малку шеќер или со додаток на овошје. Единствено на што треба да внимавате е да не претерате со количината, бидејќи може да предизвика дијареа.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*