Во современата ракометната игра се повеќе се тежнее кон играчи кои со своите психомоторички способности и квалитети, со своето спортско-техничко образование можат самостојно да решат и најсложени ситуации во ракометната игра на еден натпревар.
Индивидуална тактика имаме: во напад и во одбрана, а тоа се всушност во потесна смисла се елементи од техниката на ракометната игра, а во поширока смисла средства на индивидуалната тактика се однос кон играчите, судијата, противникот, публиката и др.
Основната поделба на индивидуалната на тактика на напад е според местото и улогата во екипата. При тоа разликуваме индивидуална тактика на нападот кај:
а)надворешните нпагачи,
б)кружните напагчи
в) крилата
За подобро воочување на индивидуалната тактика во напад, ќе забележиме неколку моменти:
-користење на блокадите од страна на кружниот напагач
-шутирање и момент на втрчување на играчите
-предвремени движења и подготовка за финтирање
Индивидуалната тактика на игра во одбрана најретко се пименува и како таква се смета за неиспитано подрачје. Овој тип на одбрана според некои ракометни експерти се смета за “иднина на ракометната игра”. Една од причините заради кои не се употребува индивидуалната одбрана е претпоставката дека за оваа одбрана е потребно техничко-тактичко совршентсво, како и висок степен на психомоторички особини кај учениците (играчите).
Блокирањето на удар на гол го сретнуваме во фазата на тренирањето како предвежба на во колективната одбрана, а со тоа како сегмент од колективната тактика во одбрана.
Најчесто применувани елементи во блокирањето на удар на гол како индивидуална одбрана се :
-одземање на топка – најчесто се прави во фазата на летање на топка од еден на друг противнички играч
-спречување – одбрамбен играч со правилно поставување на своето тело на патеката на движење
на противникот и не му се дозволува да ги заврши планираните активности
-следење – бидејки секој играч е задолжен за чување на свој дел од просторот, негова задача е да го следи противничкиот играч, кој втрчува од еден во друг дел од просторот
-блокирање на топката – најчесто се прави од скок или од место,недозволувајки и на топката да го продолжи летот кон голот
-прекинување на нападот – еден од најважните елементи, кога играчот од одбраната мора да стапи
во контакт игра со напагачот, заради прекинување на акцијата
-покривање – се подразбира ангажман на секој одбрмбен играч врз својот напагач.
проф. Ангелче Гушев