На 21.11.2014 год. (петок) во Велес, во ООУ “Блаже Конески“, а во рамките на Државно првенство во шах – основни и средни училишта се одржа и трибина на која што учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, проф. д-р Александар Туфекџиевски. На оваа трибина учество земаа директори и професори по спорт и спортски активности и физичко образование од основните и средните училишта во Велес, Битола, Делчево, Неготино, Струмица, Скопје, Радовиш, Демир Капија, Македонска Каменица и Куманово. На оваа трибина се отвори панел дискусија на која разговаше за развојот и насоките за формирање и работа со училишните спортски клубови, кои се задолжителна обврска на училиштатата за нивно формирање, а се со цел унапредување на училишниот спорт, а како главни носители да се појавуваат училишни спортски клубови.
м-р Ангелче Гушев