Home / Стручни Теми / Ако се занимавате со спортски активности не консумирајте алкохол

Ако се занимавате со спортски активности не консумирајте алкохол

sport_alkoholМногумина спортисти не консумираат алкохол, но некои од Вас прославувајки некоја голема спортска победа го прават тоа . Во тој случај треба да знаете колку ќе ве чини тоа. Едно поголемо консумирање на алкохол може да ги поништи сите позитивни ефекти од повеке неделни интензивни тренинзи. Негативното влијание на алкохолот влијае на вашите спортски перформанси и тоа:
– го намалува производството на хормонот за растење и тестостеронот, а тоа се хормони значајни за мускулното растење и развој
– ја зголемува телесната маса
– го зголемува апетитот за мрсна храна
– го зголемува разградувањето на протеините
– штетно влијае на когнитивните функции, моторичките способности, рамнотежата и кондицијата
– ја намалува дехидратацијата
– содржи седум калории на грам кои би можеле да доведат до значајно деебелеење, ако редовно се консумира алкохолот во изобилство
Но сепак ако се одлучите за алкохолот, Ви претставувам некои стратегии како би се намалиле негативните влијанија.
– напијте се чаша вода помеѓу пијалокот за да останете хидрирани
– немојте да мешате алкохолни пијалоци со сокови, со тоа би ги избегнале додатни калории
– подобро напијте се безбојни пијалоци (на пр. вотка) која би ја помешале со газирана вода
– одберете светли пива наместо темните пива

проф. Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*