Природните против воспалителни намирници/материи како што се бромелаин (ензим во ананасот), папаин (ензим во папајата), куркума, рузмарин, ѓумбир и кора од бела врба (салицин) и многу други се сигурен начин да го намалите воспалението и болката која настанува после тренинг. Овие намирници/ материи можете да ги користите пред и после тренингот или натпреварот или физичката активност која ја имате планирано. Ризиците кои настануваат од овие намирници/ материи се многу минимални во однос на долгорочното користење на ибупрофен или ацетаминофен или слични против воспалителни лекарства кои имаат докажано штетно влијание по здравјето на спортистот.
проф. Ангелче Гушев