Начини на ориентација

Глобално гледано ориентацијата на замјиштето (географска, топографска или тактичка) ја чинат неколку тематски целини и тоа :
– ориентација на земјиштето без карта
– ориентација на карта и со карта
– одредување на стојна точка
– движење по земјиштето.
Секоја од нив преставува засебна целина во која се содржани низа различни начини и постапки за извршување на конкретната задача како работна обврска. Имајќи ја предвид комплексноста на проблемот ориентација сите наведени тематски целини се меѓусебно поврзани и една со друга се надополнуваат.
Во продолжение непосредно во секоја од наведените целини се разработени можните начини и постапки за ориентација, одредување на точки и движење на земјиштето.

Ориентација на земјиштето без карта
Ориентацијата на земјиштето без карта подразбира оредување на страните на светот, запознавање на локалното земјиште со сите појави и процеси кои се присутни или се одвиваат на него со помош на различни астрономски и географски појави и објекти и специјално конструирани технички предмети и иструменти .
Во  оваа смисла ориентацијата на земјиштето без карта може да се врши со помош на:
– небески тела
– предмети и знаци на земјиштето
– бусолни инструменти
– навигациски инструменти и
– избор и користење на ориентири.

Ориентација на земјиштето според небески тела
Општо е познато дека природата е отворена книга за секого која има решенија за различни видови проблеми, но за да истите се осознаат таа треба да се познава. Во оваа смисла географската ориентација на земјиштето според небеските тела може да се врши со помош на:
– ѕвездата северница
– месечината
– сонце и часовник
– сонце, часовник и сенка
– сонце, часовник и измимато време и
– сонце и метод на еднакви сенки.

Ориентација на земјиштето со помош на ѕвездата Северница.
Ориентацијата со помош на ѕвездата Северница може да се врши ноќе и при ведро време. Ѕвездата Северница се наоѓа на соѕвездието Мала Мечка (Мала Кола), а на небото најлесно се одредува со помош на соѕвездието Голема Мечка (Голема Кола). Таа се состои од седум јасно видливи ѕвезди . Северницата се наоѓа во правец на двете последни ѕвезди (a i b) на околу пет пати поголемо растојание од нивната меѓусебна оддалеченост. Таа е крајна ѕвезда на рудата од созвездието Мала Кола и е појасна од останатите . По нејзиното пронаоѓање истата се материјализира на хоризонтот при што се одредува правецот север , а потоа и останатите страни на светот. Точноста на ореиентацијата на овој начин е 1-2 степени.

Ориентација на земјиштето со помош на месечината.
Со помош на месечината ориентацијата се врши ако се познаваат законитостите на нејзиното  движење околу Земјата, а заедно со неа околу Сонцето, односно ако се познаваат таканаречените месечеви мени. Кога Месечината се наоѓа помеѓу Сонцето и Земјата, осветлената стра-на и од кај Сонцето, а од Земјата не се гледа, само мал дел во вид на срп, тоа е така наречена Млада Месечина која околу 18 часот се гледа на запад. После една недела се гледа половина осветлен дел (десен полукруг) кој се нарекува Прва четвртина, која околу 18 часот се гледа на југ. По една недела Земјата е помеѓу Месечината и Сонцето, при што Месечината се јавува како полн круг наречена Полна Месечина, која навечер се гледа на исток, на полноќ е на југ, а наутро е на запад. Видливата страна се намалува и по една недела се гледа како полукруг. Тоа е последната четвртина која на полноќ се гледа на исток, а пред изгревање на Сонцето на југ. Месечевите мени се менуваат на секој 7 дена 9 часа и 11 минути. Познавањето на овие законитости овозможува приближно одредување на страните на светот, а со тоа и приближна ориентација.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*