Овој систем е дефанзивен. Распоредот на играчите на теренот е следен: три играчи се во близина на сопствениот гол и тоа еден централно поставен, а останатите два се наоѓаат бочно скоро во иста рамнина. Четвртиот играч се наога истурен пред противничкиот гол. Смислата на овој систем е чување на топката во свој посед и нејзино кружење со т.н. осмици помегу трите играчи. Со добра организација и молњевито преминување во напад преку сигурно и добро поставеното сидро во протовничката половина со завршница од 2 до 3 играчи. Овој систем се користи во периодот на чување на резултатот или кога се посакува да се умртви играта што по далеку од противничкиот гол со идеја молњевито да се тргне во напад или контра напад.
проф. Ангелче Гушев